Направете лек со мед и ореви за зајакнување на имунитетот

Во сезоната на настинка и грип, зајакнете го имунитетот со природен и ефикасен лек од мед и ореви. Овој домашен лек е одличен за луѓе со слаб имунитет. Тој е богат со активни состојки кои може да му помогнат на телото да се бори со сериозни заболувања. Исто така може да го користат и здрави лица кои сакаат да го одржат здравјето.

Медот е познат по своите антибактериски својства. Штити од инфекции, благодарение на pH вредноста од 3.2-4.5 која како благо кисела средина го спречува растот на бактериите додека останатите антоксидантни компоненти успешно ги отстрануваат слободните радикали. Оревите, бадемите, лешниците и сусамот изобилуваат со здрави масти и други состојки кои се сојузници на здравјето. Циметот како и медот, поседува силни антибактериски својства.

лек од мед и ореви

Домашен лек со мед, ореви, лешници, бадеми и таан за силен имунитет

Состојки:

  • 1 кг мед (1 тегла)
  • ½ литар свеж сок од лимон (потребни ќе ви бидат околу 1 кг лимони)
  • 350 грама таан
  • 250 грама мелени ореви
  • 250 грама мелени лешници
  • 250 грама мелени бадеми
  • 250 грама сусам (може да го измелите во мелница за кафе)
  • 10 грама цимет
  • 30 мл прополис.

Подготовка и употреба:

Лимоновиот сок измешајте го со медот. Во садот додајте го таанот, оревите, лешниците, бадемите, сусамот и циметот.

Измешајте добро. Содржината од садот ставете ја во стаклена тегла. Медот со јаткастите плодови чувајте го во фрижидер.

Луѓето кои што се потешко болни или се соочуваат со тешка болест како канцер може да земаат до 4 лажици на ден, на следниот начин:

  • првата лажица со лекот треба да се изеде секое утро на празен желудник.
  • втората лажица со медот треба да се земе два часа по појадокот.
  • третата лажица со смесата треба да се консумира два часа по ручекот.
  • четвртата лажица со лекот треба да се земе навечер, пред спиење.

Откако ќе го зајакнете имунитетот, може да продолжите со користење на овој лек, но наместо големи лажици, треба од смесата да јадете со мали лажички. Доколку сте во добро здравје и сакате да имате силен имунитет, консумирајте од домашниот лек со мед и ореви, со помош на мали лажички.

Ви предлагаме да прочитате: 5 природни сирупи кои помагаат при кашлица.

Сподели: