Било да сакате да внесете ведрина во вашата викендица, на терасата или во домот, оваа идеја за реупотреба на искористените пластични шишиња е многу добра. Навистина, најлесно е да се купи, но зошто не би ги искористиле старите работи кои ги имаме дома за да направиме нешто интересно и креативно за домот?
Овој пат наидовме на интересна идеја во која се комбинираат стари пластични шишиња и ЦД-ња кои ви досадиле или едноставно сакате да ги замените со нови. Доброто во овој случај, е што бојата може да ја изберете по желба и да направите своја композиција која ќе ја надополни атмосферата.
Потребно:
- стари пластични шишиња
- ножици
- секундарно лепило
- неколку ЦД-ња по потреба
- спреј во боја по желба.
Начин на изработка:
- Најпрво исечете ги шишињата. Со сечењето започнете од кај страната на капачето, а висината на „саксијата“ која ја планирате треба да ви биде показател за каде да сечете. По желба може наместо рамни, рабовите да ги направите брановидни.
- Основата на капачето залепете ја врз средишниот дел на ЦД-то, а откако добро ќе се исуши и веќе е цврсто, може да преминете на боење. Бојата може да ја прилагодите по желба. Насадете го омиленото цвеќе и уживајте во своето креативно дело!
Ви препорачуваме да прочитате: Претворете ги пластичните шишиња во висечка градина.