Сега може да си направите сапун со вашите омилени ароми и да уживате во туширањето. Начинот на подготовка е интересен и во овој проект може да учествуваат и децата, па заедно ќе се дружите и ќе направите сапун со лековити билки кој може сите да го користат. Изберете ги вашите омилени лековити свежи растенија како нане, босилек, рузмарин или невен, и направете си сапун со арома која релаксира.
Покрај тоа, мирисот на сапунот може да го збогатите со сок и кора од портокал и лимон, кои освен што добро ќе ја исчистат вашата кожа, имаат и ефект на пилинг. Пробајте, лесно е и креативно!

Состојки:
Покрај наведените состојки, пред да започнете да го правите сапунот на работната маса ставете мерен сад, пластична лажица или шпатула, 5 до 6 мали пластични чашки од 75 мл или силиконски калапи доколку имате при рака.
Подготовка:
- Соберете свежи билки по ваша желба, како босилек, нане, рузмарин, невен и слично, кои сакате да ги ставите во сапунот.
- Глицеринскиот сапун исечете го на коцки и ставете го во сад. Сапунот растопете го во микробранова печка. Доколку немате микробранова печка, сапунот растопете го врз шпоретот. Повремено промешајте, за да може сапунот полесно да се растопи.
- Лековитите билки исечкајте ги ситно. Изрендајте ја кората од лимон и портокал, а потоа исцедете ги.
- Пластичните чаши испрскајте ги со маслен спреј или масло. Тоа ќе спречи сапунот да се залепи на чашите.
- Во садот со растопениот сапун додајте ги исечканите билки, ренданата кора и исцедениот сок од лимон и портокал. Измешајте, а потоа смесата ставете ја во намрсените пластични чаши.
- Оставете го сапунот да стои на собна температура за време од 1 час. Потоа ставете го фрижидер уште 1 час за целосно да се здрви. Изладениот и цврст сапун извадете го од чашките. Домашниот сапунот со лековити билки може да го спакувате во кутија, ќесичка за поклон или укрсана хартија.
Ви предлагаме да прочитате: 3 домашни пилинзи за совршено мека кожа.