Како дел од практиката за подготвување на здрави оброци постојано набавуваме разни семиња, па ни се насобраа повеќе празни паковања. Дел ги искористивме за складирање на кујнски материјали или намирници кои ги набавуваме рефус за да им најдеме соодветно место. При тоа, за време на една креативна работилница неодамна, добивме нова идеја. Направивме украсна вазна од празно паковање од миксот семиња. Присутните посетители на настанот беа воодушевени што ни потврди дека и нив им делува прекрасна како и нас!
Креирањето на нешто интересно со свои раце нуди големо задоволство, а посебно ако користите предмети кои сметате дека не ви се потребни и планирате да ги фрлите. Рециклажата и реупотребата на неоштетените предмети на денешно време е корисен тренд и добар начин за подигнување на свеста на креативен начин. Заштедете пари, уживајте во времето на сопствената креативност и секако споделете ја идејата со останатите!
Може да ве интересира: Здрава проја со семиња – без глутен.

Како да на направите украсната вазна од празно паковање?
- Прво отстранете го капачето.
- Од украсна хартија исечете поголем квадрат и поставете го празното паковање на средината, со отворот на горе.
- Со едната рака држете го паковањето, а со другата, започнувајќи од едниот агол, почнете да вовлекувате кон внатрешноста, така што ќе формирате украсни набори.
- Потоа, декорирајте со украсна мрежа и тоа заврзете ја по желба. Вашата декорација може да биде уникатна и не мора да биде иста со нашата. Бидејќи сме обожаватели на природните украсни, избравме украсната вазна да ја наполниме со суви гранчиња од нане, од кое претходно ги отстранивме ливчињата и направивме зачин. Можете да забележите колку убаво изгледа декорацијата, а и трае со месеци. По желба може да ставите друг украс во вазната. Ако сакате да биде потешка и постабилна, ставете во неа неколку камчиња, најдете и место во домот и уживајте во своето дело!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен интегрален леб со четири семиња.