роза од салфетка

Направи сам: роза од салфетка

Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот, пријателите или нејзините најблиски ѝ приредат мало изненадување. Но, подарокот не треба да биде скап, најважно е тој да биде направен и подарен со љубов. Затоа имаме одлична идеја за роза од салфетка, со која и децата може да му подарат на своите мајки, учителки, баби и тетки, подароци направени од нивните рачиња.

На 8-ми март преку подарување макар и на еден цвет, оддаваме признание на секоја жена како сопруга и како мајка. Поврзаноста и симболиката помеѓу цвеќето и жената е врска која е длабока и која засекогаш ќе трае без оглед на промените кои со себе ги носи времето.

Во духот на ведрите бои на цвеќињата и прекрасните миризби сигурно ќе мине и овој ден што ја слави жената. Без разлика дали ќе подарите или очекувате да ви подарат букет цвеќе, убаво е да го знаете значењето на цвеќињата. Розите се цветови на љубовта и на страста, па затоа ви предлагаме интересна идеа за виткање на салфетки во форма на роза, на кои сигурно најповеќе ќе се израдуваат најмалите членови во семејството.

Доколку е направени и подарени од малите рачиња, овие едноставни, но убави рози од салфетка би ја израдувале секоја жена.

Техника за виткање на роза од салфетка

Изберете салфетки во бела или друга боја по желба. Салфетката отворете ја. Потоа свиткајте ја во вид на ролна.

На два сантиметри од врвот на ролната, превиткајте како што е прикажано на видеото.

Потоа, долниот крај од подолгиот дел на ролната, превиткајте го кон надворешната страна, за да се добие форма на лист. Продолжете со превиткување на стеблото како што е прикажано на видеото за да добиете целосен изглед на роза. Едноставно и убаво, нели?

Ви предлагаме да прочитате: Декорација на салфетки во форма на цвет.

Сподели: