Да ја продолжиме традицијата и радоста за убавите празници! Инспирирани од престојниот христијански празник – Велигден решивме да реализираме уште една награден натпревар и од срце да наградиме двајца учесници. Па, ајде да ги искористиме Велигденските празници за да ја разбудиме креативноста, да создадеме прекрасни ремек дела од нашата традиција за бојадисување јајца, поставување празнични трпези и споделување љубов со најблиските.
Па, не губи време, вклучи се и ти во наградниот натпревар за избор на најубаво украсени велигденски јајца и празнична трпеза!

Велигденската атмосфера веќе одамна е присутна, па затоа наградниот натпревар го започнуваме уште денес на 06.04.2018, а ќе трае до 15.04.2018 година.
Сѐ што треба да направите е да ги обоите вашите јајца и при тоа да ја употребите имагнацијата и креативноста, или да ја декорирате празничната трпеза во духот на овој голем христијански празник и на крај да направите неколку фотографии. Фотографите од вашите велигденски јајца или празнична трпеза испратете ни ги во коментар под текстов на фан страницата на Сѐ за храна. или поставете ги во групата на Сѐ за храна (кликнете тука)
Правила за учество во наградниот натпревар:
- Право на учество има еден профил (име и презиме) со една фотографија од празничната трпеза и една од велигденските јајца. По желба може да учествувате и само со една слика од двете наведени категории. Црвени, шарени, традиционални и убави, сите велигденски јајца учествуваат во натпреварот.
- Сите пристигнати фотографии ќе бидат споделени во албум на фан страницата на Сѐ за храна, а најуспешната фотографија од категоријата празнична трпеза и категоријата велигденски јајца кои ќе соберат најголем број на лајкови ќе бидат рангирани за добивка на една од двете симболични награди кои ние ќе ви ги доделиме од срце.
- На крај, добитниците ќе бидат објавени на текст на sezahrana.mk со име и презиме на авторот.
- За да биде валидно учеството, објавата на фан страницата на Сѐ за храна треба да ја споделите со Public (Јавно) на својот профил.
За да учествуваш прикачи ја твојата фотографија од твоите велигденски јајца или празнична трпеза, задолжително со име и презиме во коментар под оваа објава или групата на Сѐ за храна и стани потенцијален добитник! Среќно!