Доколку сте заборавиле да го извадете пилешкото месо од замрзнувачот навреме, немојте да се грижите. Денес ќе ви претставиме најбрзо решение за одмрзнување на пилешко месо кое можеби ви изгледа како невозможна мисија.
Постојат многу начини со кои можете да го одмрзнете месото, но не се сите еднакво безбедни. Колку побавно се одмрзнува месото толку е поголема веројатноста да се рашират бактерии во него. Еден од најбрзите и најбезбедни начини за одмрзнување на пилешко месо е со ладна вода.

Еве зошто треба пилешкото месо да го одмрзнете со ладна вода
Џем Портер, автор на книгата „Готвење за почетници“ објаснува зошто ладната вода е најдобар начин за одмрзнување на пилешкото месо. Иако многу мислат дека најсигурен начин за одмрзнување е да го оставите пилешкото месо во сад преку ноќ на работната површина, Портер кажува дека тоа не е најдобро решение, затоа што месото може да се расипи.
Одмрзнувањето на месото во микробранова печка исто така не е најдобро решение. Сигурно и вие сте забележале дека штом го извадите месото, на некои места е варено, додека во средината е целосно замрзнато.
Спрема зборовите на овој познат кулинарски експерт, најдобро и најбрзо ќе го одмрзнете пилешкото месо доколку го ставите да отстои во ладна вода. Друг корисен начин е месото да го ставите во сад за цедење, а потоа поставете го под славината на чешмата. Пуштете ја водата да тече и оставете месото да се одмрзни.
Ви предлагаме да прочитате: Како правилно да замрзнете и одмрзнете месо?