Најдобриот рецепт за болоњезе сос

Да, го имаме најдобриот домашен рецепт за болоњезе сос! Направен со македонско мелено месо од Агриа, локални зеленчуци и многу љубов. А најдоброто кај овој сос е тоа што може да го замрзнете и да го користите по потреба. Совршен е за тестенини, лазања, полнети тиквички, модри патлиџани…  Изборот е ваш, а состојките и подготовката погледнете ги во текстот.

Болоњезе сосот е многу популарен во италијанската кујна, а го обожаваат и децата и возрасните. Се приготвува со кромид, целер, морков, мелено или ситно сечкано телешко месо со мал додаток на свинско месо, црвено вино и мала количина на доматно пире или домати. Направете го најдобриот болоњезе сос и украдете задоволни насмевки од луѓето на кои им го подготвувате.

домашен болоњезе сос

Состојки:

  • 450 г мелено говедско месо од Агриа
  • 250 г мелено свинско месо од Агриа
  • 2 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња крупно сечкан лук
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2-3 лажици сечкан целер (стебло или корен)
  • 1 чаша црвено вино или говедска супа
  • 1 чаша полномасно млеко
  • 800 г цели домати од конзерва
  • 4 лажици доматно пире
  • 1 лажичка италијански зачини
  • 1 ловоров лист
  • сол и црн пипер по вкус
  • 500 г шпагети.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го. Чешнињата лук исечкајте ги на две до три парчиња или згмечете ги.
  2. Во поголема тава на оган ставете го маслиновото масло да се загрее. Додајте го кромидот и пропржете го 2-3 минути за да омекне.
  3. Морковот и целерот ситно исечкајте ги и додајте ги во тавата. Додајте го и лукот и продолжете со пржењето додека зеленчуците омекнат.
  4. Потоа, додајте го меленото месо и измешајте. Пржете додека месото добие кафеава боја.
  5. Маслото од тавата исцедете го во посебен сад. Во тавата додајте го црвеното вино и оставете го сосот да се да вари околу 7-9 минути. Штом виното испари, додајте го млекото и продолжете со варење уште 6-7 минути.
  6. Потоа, додајте 4 лажици доматно пире, италијански зачин и ловоров лист. Доматите ставете ги во тавата и исечкајте со помош на лажицата. Оставете го сосот да се вари додека се згусти за време од околу 30 минути. Зачинете го со сол и мелен црн пипер по вкус.
  7. Во меѓувреме, сварете ги тестенините според упатството.
  8. Сварените тестенини ставете ги во чинија и врз нив ставете од подготвениот болоњезе сос. На здравје!

Совети плус:

  • Болоњезе сосот традиционално се служи со таглиатели, но може да се послужи и со шпагети.
  • За да го направите најдобриот домашен болоњезе сос користете свежо мелено месо од Агриа. Посетете ги нивните месарници во Битола, Велес и Штип и од љубезниот персонал побарајте да ви припремат мелено месо за овој рецепт. Свинското и телешкото месо се од нивно, домашно и македонско производство, кое се должи на принцип од „нива до трпеза“. Посетете ја веб страницата на Агриа, нивната фан страница на Facebook и разгледајте ги нивните полиња за одгледување на сточна храна, фармите, месарниците и следете ги сите новости.
  • Ако ви остане сос може да го чувате во фрижидер за време од 2-3 дена, доколку е складиран во сад со капак. Исто може да го замрзнете и да го искористите во период од 2-3 месеци.
  • За да го одмрзнете, ставете го сосот на оган или во микробранова печка и мешајте на секои 15-20 секунди.
агриа болоњезе сос

Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети како да станете експерт за избор на најдобро свежо месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: