Неодолив путер колач со цреши за повеќе енергија и добро расположение

Црешите се едни од нашите омилени освежувања во летниот период. Најчесто ги јадеме свежи или пак приготвени во вкусни слатки, торти и колачи. Црешата изобилува со огромен број здравствени придобивки од нејзиното консумирање. Ни дава повеќе енергија, но исто така ни помага и полесно да заспиеме. Го зајакнува нашето срце, го подобрува варењето и има богат извор на антиоксиданти. Ова сезонско овошје содржи витамини и минерални кои нашата кожа ја прават свежа, хидрирана и здрава.

Токму затоа, нашиот денешен предлог е неодолив путер колач со цреши за повеќе енергија и добро расположение. Битолскиот путер совршено се вклопува во колачот од цреши, кој го прави најмеко и ароматично колаче за мерак. Битолскиот путер има богат хранлив состав, млечен вкус и кремаста структура, и претставува најдобар додаток за секое јадење.

Ова попладне уживајте во вкусот на путер колач со цреши – овошје кое во Англија симболизира среќа, а во Кина и Јапонија е симболот на младоста и љубовта. На здравје!

путер колач

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 мл јогурт
  • 100 мл Битолски путер
  • 100 г шеќер
  • 200 г брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • прашок за печиво
  • 200 г цреши.

Подготовка:

  1. Најпрвин извадете ги семките од црешите.
  2. Во сад ставете ги јајцата и шеќерот, а потоа матете со миксер сè додека не се добие хомогена смеса.
  3. Ставете го јогуртот и растопениот путер и мешајте со миксерот на тивко.
  4. На крај ставете го брашното и пецивото. Мешајте убаво да се соедини смесата.
  5. Во намрсен калап истурете ја смесата и одозгора ставете ги црешите.
  6. Колачот печете го околу 40 минути на температура од 180 степени.

Автор на рецепт: Радица Китевска (radishas_kitchen_diaries).

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за популарната чизкејк торта.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: