Ако не знаете што да јадете, а сепак не сакате тоа да биде манџа, оваа салата од ориз може да биде баш целосен оброк. Се подготвува брзо и лесно. Можете да ја служите топла или ладна, како предјадење или прилог за ручек, а може да ја искористите и како што спомнавме претходно, како оброк.
Рецептот го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, а бидејќи ни се допадна одлучивме да го споделиме. Веруваме ќе ви се допадне, па препорачуваме да го пробате кога ќе ви се даде прилика.

Состојки:
- 1 шолја ориз
- 1 помала главица кромид
- малку путер
- 500-600 мл говедски или пилешки бујон
- варено месо по потреба
- ситно сечкани коцки морков по потреба
- мелен црн пипер и малку сечкан магдонос по вкус.
Подготовка:
- На малку путер, измешан со исто така мала количина на масло, пропржете го претходно исечканиот кромид. Најдобро е да го исечкате што поситно.
- Додајте го оризот и полека долевајте од бујонот, а при тоа не престанувајте да мешате. Оставете да вари додека оризот омекне.
- Во меѓувреме сварете го месото претходно исечкано на коцки и морковите сварете ги исто така исечкани на коцки, па исцедете ги и измешајте ги со оризот.
- Додајте од зачините по вкус, а за крај оставете малку сечкан магдонос и декорирајте со него. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Салата со ориз, краставица и печен сусам.