Овошен тарт без печење

Посно и без шеќер! Од кујната на нашата пријателка Наташа ни доаѓа одличен рецепт за овошен тарт без печење. Таа вели: „Ова е еден од моите омилени рецепти кој верувам ќе ви се допадне и вам. Супер е за секоја пригода, многу е вкусен и брзо се подготвува. А што е најважно не содржи шеќер и може да си го направите и за време на пости. Ви препорачувам да си го зачувате рецептот. Пробајте го и уживајте во вкусот!“

Вистинско уживање за секоја сезона. Вкусен десерт исполнет со фил од шумско овошје кој прави мало задоволство за сите сетила. Затоа, наредна прилика кога ќе ви се пријаде нешто благо, направете го овој овошен тарт и пишете ни во групата на Сѐ за храна како ви се допадна.

Може да ве интересира и: Тарт со чоколаден ганаш – без печење.

Овошен тарт без печење

Состојки:

За основата:

  • 150 г овесни снегулки
  • 50 г мелени бадеми
  • 1-2 лажици урма сируп
  • 1-2 лажици таан
  • 1 филџан бадемово млеко.

За фил:

  • 1 чаша шумско овошје
  • 1 банана
  • 1 чаша бадемово млеко
  • 1 лажица мед
  • агар агар или желатин од растително потекло.

Подготовка:

  1. Овесните снегулки измелете ги и ставете ги во подлабок сад. Додајте ги мелените бадеми, урма сирупот, таанот и бадемовото млеко. Убаво измешајте ги за да добиете хомогена смеса.
  2. Добиената смеса ставете ја во сад за тарт и убаво распоредете ја.
  3. Во блендер ставете ги шумското овошје, бананата, бадемовото млеко и медот. Изблендирајте за состојките да се изедначат. Во филот додајте малку агар-агар или желатин. Измешајте.
  4. Филот распоредете го врз основата и оставете го тартот во фрижидер за да се стврдне.
  5. Потоа, декорирајте го по желба и послужете го. На здравје!

Автор на рецептот: Наташа Мустафа (natasaemil).

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден тарт без брашно, со мед и кокосово масло.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: