Брзи тако тортилји со мелено месо 1

Од кујната на Катерина: Брзи тако тортилји со мелено месо

„За сите љубители на мексиканската кујна имам совршено вкусен рецепт! Ако немате идеја, брзи тако тортилји со мелено месо се идеален избор за целото семејство! Многу често приготвувам вака и вкусот е уживање!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Може да ве интересира: Мексиканска тако салата.

Брзи тако тортилји со мелено месо 2

Состојки:

  • 4 тортилји
  • 600 г мелено месо
  • тако зачин од Рајска градина по вкус
  • сол и црн пипер по вкус
  • чили сос по желба
  • ситно сечкана салата
  • сечкан домат по вкус
  • кромид на кришки по вкус
  • малку рендан кашкавал по желба.

Подготовка:

  1. Месото запржете го со малку масло или во нелеплива тава со промешување.
  2. Зачинете го со тако зачинот, сол и црн пипер по вкус и добро промешајте да се изедначи вкусот.
  3. Тортилјата потпечете ја од двете страни во тавче, но да е свитлива за ролање, или пак 5 минути во добро загреана рерна за да добиете форма на тако „чашка“ како на сликите.
  4. Врз тортилјата ставете чили сос, распоредете од месото, салатата и додатоците по желба. Постапката повторете ја со останатите тортилји и на здравје!

Совети плус:

  • За побогат вкус, пред да започнете со филовање, тортилјата може да ја премачкате со гвакамоле или ѕаѕики сос.
  • За да го доловите баш вкусот на мексиканска кујна, секогаш избирајте зачини кои се добро спакувани и заштитени. Тоа помага во зачувувањето на аромата и квалитетот. Кога станува збор за зачините и големиот избор, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина. За сите нови производи ви предлагаме да ги следите на нивната Facebook фан страница.
зачини за рајска градина

Препорака од авторот:

Ако сакаш брзи лесни рецепти од мојата кујна разгледај ги следните и заследи ме:

Ви препорачуваме да прочитате: Топ зачини за вкусно и лесно готвење во лето.

Автор на рецептот: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е овозможен од Рајска Градина.

Сподели: