Ако деновиве се двоумите што да правите и како да ги искористите варените јајца имам супер едноставен и превкусен предлог! Пролетва се изнауживавме во најлесната и многу вкусна кремаста салата, па со радост ја споделувам со вас! Не ви треба ништо специјално, мојата брза крем салата со јајца од 4 состојки ќе ве освои со едноставноста! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
А, ако сакате уште еден проверено добар рецепт со варени јајца, прочитајте го мојот велигденски рецепт за Јапонски сендвич со јајца од 5 состојки – идеален за Велигден. – додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.
Состојки:
- 4 варени јајца
- 2 млади кромитчиња со зелените перја
- 5 лажици Витанез
- сол и црн пипер од Витаминка по вкус.
Дополнително:
- 4 тост лепчиња
- маслиново масло од Витаминка по потреба
- прстофат Дафинка по вкус.
Подготовка:
- Јајцата излупете ги и исечкајте ги со нож.
- Младото кромитче измијте го, исушете го и насечете го на ситни прстени.
- Во сад ставете ги припремените јајца и кромидчето, додајте Витанез, зачинете со сол и црн пипер по вкус, промешајте и салатата е готова.
- Лепчињата испечете ги во тостер и зачинете ги по вкус или рерна по желба, а потоа врз нив сервирајте од претходно припремената крем салата.
- Декорирајте со малку варено сечкано јајце, прстени од сечканото кромитче и малку црн пипер. Јас додадов и листови спанаќ и неколку кругови ротквица во гарнирот и беше вистинско уживање. На здравје!
Препорака од авторот:
За повеќе испробани рецепти разгледај ги моите профили каде објавувам рецепти креирани во мојата кујна и заследи ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
А за крај те предизвикувам за да освоиш подарок! Направи го твојот омилен десерт со слатката палета на производи од Витаминка и учествувај за пакет производи. Може да учествуваш тука:
- Facebook: https://www.facebook.com/sezahrana/posts/605421174940823
- Instagram: https://www.instagram.com/p/CrAxYYuMhVk/
Автор на рецептите и фотографиите: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Од кујната на Катерина: Брз рецепт за посен мазник од готови кори.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е овозможен од Витаминка.