„Ако сте расположени за вкусна промена и свежина на менито во топлите денови имам нов совршено вкусен рецепт за летна крем салата со брокула, која ќе ве освои!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Се прави брзо и лесно, испробана во мојата кујна! – додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.
Состојки:
- 1/2 чаша обарена брокула
- 1/2 чаша варен ориз
- 180 мл павлака Natura cream од Mлекара Тетово
- 1/2 лажиче лук во прав
- 1-2 лажички свеж копар ситно сечкан
- сол и црн пипер по вкус.
*По желба 50 г бело сирење.
Подготовка:
- Обарената и исцедена брокула исечкајте ја.
- Исцедениот ориз додајте го во садот.
- Додајте ја павлаката и зачините, и добро измешајте.
Препорака од авторот:
Ако сакаш брзи лесни рецепти од мојата кујна разгледај ги следните:
- Јадење за 5 минути – тостирана тортилја со биено сирење
- Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно
И заследи ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате и:
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово. За сите новости, заследи ги Млекара Тетово на Instagram и Facebook.