Од кујната на Марија – Запечена тава со пилешко, компири и златна мешавина

„Ова е еден од моите омилени рецепти! Превкусна комбинација на пилешко, компири, златна мешавина и кари зачин. Често го правам штом ми се најават гости на ручек или вечера, а верувајте дека сите го обожаваат! Ја поканив Катерина на дегустација и заедно снимивме кратко видео од подготовката на оваа запечена тава со пилешко. Таа го оцени рецептот со чиста 10-ка, па зошто да не го испробате рецептот што побрзо?

Оваа интересна комбинација ја пробав во ресторан на туристичко место и многу ми се допадна. Едноставни состојки, а толку многу вкусно! Направив своја верзија на рецептот, кој стана традиционален и омилен. – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт. 

Запечена тава со пилешко и компири

Состојки:

Тава со пилешки стек и компири

Подготовка:

  1. Пилешкиот стек измијте го и исечкајте го на коцки. Ставете го во тенџере со вода да се вари. Додајте сол и варете го околу 20 минути за да омекне.
  2. Во друго тенџере со вода додајте ја златната мешавина и варете ја 10-15 минути.
  3. Варените компири излупете ги и исечкајте ги на коцки. Чајната салама исечкајте ја на четвртини. 
  4. Кашкавалот изрендајте го. 
  5. Во голем сад ставете ги варениот стек, компирите, златната мешавина, чајната и зачинете со кари зачин по вкус, посолете и наросете мелен црн пипер. Измешајте и состојките префрлете ги во тава за печење. Наросете од кашкавалот и ставете ја тавата да се пече во загреана рерна на 250 степени за време од 10-15 минути. 
  6. Печаната тава со пилешко и компири извадете ја од рерна, поросете ја со сечкан магдонос и послужете го јадењето додека е топло. Целосниот рецепт погледни го на видеото. На здравје!

Совети плус:

1. Овој вкусен специјалитет може да го приготвите и со цело пиле, пилешки копан или пилешки копан со наткопан по избор.

2. Ако ти се допадна видео рецептот, разгледај ги моите профили и заследи ме:

3. А ако си љубител на пикантни вкусови испробај ги Пикантните пилешки копанчиња од крилца со Бафало сос. Видео рецептот може да го погледнеш на линкот.

Автор на рецепт:
Марија Кочовска, @kocovska.marija.

*Рецептот е овозможен од Слога.

Сподели: