Цинкот е минерал кој телото го користи во борба со инфекциите и за производство на клетки. Тој е значаен за креирањето на ДНА, генетскиот код на сите клетки. Ако не се внесува доволно цинк преку исхраната, може да се јават симптоми како опаѓање на коса, намалено чувство за вкус и мирис, поспаност… Зошто косата опаѓа при недостаток на цинк? Кои други симптоми се јавуваат? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.
Цинкот се користи во организмот за производство на клетки и за правилно функционирање на имуниот систем. Како минерал е неопходен за раст, полов развој и репродукција.

Кои симптоми укажуваат на недостаток на цинк?
Кога има недостаток на цинк, телото не е во можност да произведи нови, здрави клетки. Тоа води до појава на симптоми како:
- Прекумерно опаѓање на косата
- Проретчена коса
- Коса која кршлива или сува на изглед (влакната на косата може да бидат склони кон кршење и да изгледаат без сјај)
- Промени во бојата или текстурата на косата
- Побавен циклус на раст на косата
- Слабеење од непознати причини
- Бавно зараснување на раните
- Поспаност
- Намалено чувство за мирис и вкус
- Пролив
- Намалување на апетитот
- Појава на отворени рани на кожата.
Која е поврзаноста меѓу цинкот и здравјето на косата?
Цинкот помага за одржување на структурата на фоликулите. Имајќи во предвид дека е вклучен во синтеза на ДНА и РНА, што е од клучно значење за делба и пролиферација на клетките на фоликулите, влијанието на цинкот за здрава и убава коса е есенцијално. Цинкот помага во производството на креатин, фиброзен протеин кој ја формира структурната основа на влакната на косата.
Зошто недостатокот на цинк може да предизвика опаѓање на косата?
Ако некое лице има недостаток на цинк, тоа може да го наруши балансот на хранливите материи кои се потребни за оптимален раст на косата. Ова може да доведе до различни проблеми, вклучително и опаѓање на косата. Недостатокот на цинк може да предизвика фоликулите на косата да бидат послаби, што резултира со слаба коса и зголемено проретчување.
Покрај тоа, недостатокот на цинк може да доведе до нерамнотежа на хормоните, бидејќи овој минерал е вклучен во метаболизмот на хормоните како што е тестостерон. Оваа нерамнотежа може да придонесе и за опаѓање на косата или за намалување на квалитетот на косата.
Недостатокот на цинк сам по себе можеби не е единствената причина за опаѓање на косата, но секако може да игра значајна улога, особено ако се земат предвид други фактори како стресот, нерамнотежата во исхраната и, се разбира, генетиката.
Кои намирници се богати со цинк?
Долготрајниот третман за намалување на недостаток на цинк започнува со промени во исхраната. Се препорачува да се вклучат:
- Црвено месо
- Пилешко
- Семиња
- Школки
- Пченични никулци.
Кои додатоци во исхраната се препорачуваат?
Недостатокот на цинк може да се третира и суплементи. Го препорачуваме L-OptiZinc®. Станува збор за форма на комплекс на цинк со аминокиселина метионин. Истражувањата покажаа дека овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк. Овој додаток овозможува:
- Имунолошка поддршка
- Висока биорасположлива форма
- Со бакар.

Достапен е онлајн преку веб продавницата на vitamini.mk и аптеките, а може да се набави со 40% попуст (додека траат залихите). За нарачки и повеќе информации посетете на веб страницата на vitamini.mk.
За прашања поврзани за цинкот може да ја контактирате Д-р Нела Деспотовска на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Цинк – од имунолошка одбрана до здравје на кожата.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk