Кате ни кажа дека ова не е некој посебен рецепт, туку го направила од она што се нашло во фрижидерот, а сепак излегол одличен. Пробајте го и вие овој рецепт за лесен освежителен и кремаст десерт со цреши и насладете се!
Крцкаво, сочно, свежо, неодоливо! Мора да се проба летово!

Состојки:
- 250 гр готово лиснато тесто.
За крем:
- 250 гр маскарпоне
- 20-30 цреши
- 3 лажици шеќер во прав.
За премачкување:
- 1 јајце.
Подготовка:
- Од лиснатото тесто со помош на чаша извадете кругови.
- Половина од круговите ставете ги во плех за печење обложен со хартија.
- Другите кругови лиснато тесто пресечете ги со помала чаша на средината и ставете ги по едно врз секој цел круг лиснато.
- На средината избоцкајте ги со виљушка на неколку места, премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат на 180 степени, додека поруменат.
- Во меѓувреме подгответе го кремот. На црешите отстранете им ги семките и исечкајте ги на парчиња.
- Додајте го шеќерот во прав и измешајте.
- Потоа додајте го маскарпонето и убаво соединете ја смесата.
- Откако лиснатото тесто ќе се испече оставете го да се излади, а потоа наполнете го со подготвениот крем.
- Така подготвените лиснати колачи оставете малку во фрижидер, за да се подизлади кремот и ке имате вистинско летно слатко освежување.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: 6 испробани рецепти за овошни десерти со јагоди.