Уникатен начин за да се јаде лазања! Многу поинаку сервирано, а подеднакво или можеби и повеќе вкусно од обично. Направете си креативна гозба на трпезата и пригответе си отворена лазања од тортиљи!
На Катерина М, срдечно и се заблагодаруваме за идејата и рецептот, одличен е!

Состојки:
За тортиљи:
- 300 г брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 лажици ленено семе
- 5 лажици масло
- 1 лажиче сол
- прстофат шеќер
- околу 150 мл млака вода
За бешамел:
- 250 мл млеко
- 20 г путер
- 20 г брашно
- малку сол и црн пипер
Останати состојки – за фил:
- 1 тиквичка
- 1 поголем морков
- 1 чешне лук
- 80 г тенки колбаси
- 150 г моцарела.
Подготовка:
- Најпрво замесете ги тортиљите. Во сад ставете ги сите состојки и со постепено додавање на водата замесете тесто.
- Тестото поделете го на 6 топчиња.
- Покријте ги со најлонска фолија и оставете ги да отстојат околу 20 минути.
- Во меѓувреме направете го бешамелот. Во касерола растопете го путерот, па додајте го брашното. Пропржете го, па додајте го топлото млеко и мешајте додека се згусти.
- Посолете, додајте малку црн пипер и оставете малку да се излади.
- Во тава со сосема малку масло ставете ги сечканото лукче и ренданите тиквичка и морков.
- Пржете додека малку омекнат.
- Моцарелата исечете на ја мали коцки.
- Колбасите исечете ги на мали парчиња.
- Откако тестото отстои, од секое топче расукајте кора со дијаметар околу 18 см, па пржете ги тортиљите вопретходно загреана нелеплива тава без масло.
- Испржените тортиљи ставајте ги во крпа за да стојат меки.
- Во калап со обрач (дијаметар 18 см) ставете една тортиља.
- Премачкајте со бешамел.
- Нанесете од филот со тиквичките и морковот, коцки моцарела и парчиња колбас.
- Одозгора ставете друга тортиља и повторете ја постапката со останатите тортиљи.
- На последната тортиља ставете само бешамел и коцки моцарела.
- Отворената лазања стаете ја да се печи во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Безглутенски хроно тортиљи со овесно брашно и мелено ленено семе.