акни на лицето

Д-р Нела Деспотовска советува: Пантотенска киселина против акни – како да се користи за максимален ефект?

Акните се честа состојба на кожата што ја предизвикуваат блокирани пори, мозолчиња, цисти и други лезии на кожата на лицето, вратот, градите, грбот… Најчесто со овој проблем се соочуваат тинејџерите, но и возрасните од која било возраст можат да страдаат од акни. Во последно време се зборува за ефикасноста на витаминот Б5, односно пантотенска киселина против акни. Како влијае и како треба да се користи за максимален ефект? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

За што е корисна пантотенската киселина – витаминот Б-5?

Пантотенската киселина се наоѓа во скоро секоја жива клетка како компонента на коензим А (CoA). CoA е неопходен за генерирање енергија од маснотии, јаглени хидрати и протеини. Исто така, игра клучна улога во многу биосинтетски реакции, неопходни за производство на масти, холестерол, невротрансмитери, црвени крвни клетки и надбубрежни секрети. Како таква, пантотенската киселина е од витално значење за безброј функции на клетките и одржување на здрав клеточен метаболизам.

пантотенска киселина за третман на акни

Причини за појава на акни

Акните се развиваат кога порите ќе бидат запушени, или од прекумерно производство на маснотии, таложење на бактерии или таложење мртви клетки на кожата. Кога маснотиите, бактериите или мртвите клетки на кожата се таложат во фоликулот на влакното, тие формираат мек чеп што го принудува ѕидот на фоликулот да се испакне и да излезе од кожата, предизвикувајќи лезија.

Пантотенската киселна се препорачува да ја вклучите во рутината за нега на кожата поради многу причини. Но, главна причина поради која дерматолозите ја препорачуваат пантотенската киселина е намалувањето и спречувањето на акните. 

Како влијае пантотенската киселина врз акните?

Го намалува воспалението

Воспалената кожа е идеална за развој на квасците и бактериите кои предизвикуваат акни. Тоа е поради тоа што воспалението ги стимулира масните жлезди да работат прекумерно. Користењето на пантотенска киселина помага да се намали црвенилото, раздразнувањето и воспалението на кожата. Тоа го спречува развојот на бактериите кои предизвикуваат акни.

Ја подобрува влажноста на кожата 

Пантотенската киселина е одлична за хидратација на кожата. Со тоа се намалува сувоста, грубоста и се подобрува текстурата на кожата. Кога кожата е добро хидратирана, помага во регулирањето на производството на себум, а со тоа се намалува ризикот од развој на акни.

Ја зацврстува кожната бариера 

Еден од есенцијалните услови за постигнување на јасна, блескава и кожа без проблеми, е здравата кожна бариера. Оштетената кожна бариера, има помала способност за заштита на кожата од слободните радикали. Ја прави кожата подложна на оштетување, а со тоа и можноста за појава на акни е поголема. Пантотенската киселина помага интензивно во хидратацијата на кожата и го намалува воспалението. На тој начин, ја зацврстува кожната бариера. 

Помага во обновување на кожата 

Поради своите анти-воспалителни, хидратизирачки и зацврстувачки својства, пантотенската киселина помага во обновување на кожата. Го забрзува процесот на оздравување по повреда или оштетување на кожата, со намалување на воспалението и обезбедување на влажност. Истражувањата покажале дека редовната употреба на пантотенска киселина може да ја подобри еластичноста на кожата и да го задржи нејзиното здравје и младост подолго време.

Како се користи пантотенската киселина за третман на акни?

Ја препорачуваме пантотенската киселина на NOW Foods. Потребно е да се користи подолго време (две до три недели) за да се забележат првите резултати. Се препорачува 1 капсула дневно со храна. Може да се набави онлајн со 50% попуст преку веб продавницата на vitamini.mk или да се набави од поголемите аптеки.

акни на лицето

Важно: Не постои податок за хипервитаминоза и токсичност со овој витамин, но се смета дека  високи дози во бременоста можат да бидат штетни за мајката и плодот.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: Витамин Б5 – еден од најважните витамини за човекот.

*Текстот е поддржан од vitamini.mk

Сподели: