Витамин Б5 - еден од најважните витамини за човекот

Витамин Б5 – еден од најважните витамини за човекот

Пантотенската киселина или витамин Б5 е уште еден во низата на витамини потребни за нормално функционирање на организмот и одржување на оптимално здравје. Ова е еден од најважните витамини за човекот! – За што сѐ е потребен и кои се изворите на овој витамин, дознајте од текстот кој го подготвивме.

Сите витамини и минерали имаат подеднаква важност во подобрување на здравјето, а сепак секој од нив има различна улога и е потребен за различни функции. Така е и со витаминот Б5.

извори на пантотенска киселина витамин Б5 2

За што е потребен витаминот Б5?

Витаминот Б5 или пантотенска киселина е растворлив во вода витамин од Б комплексот. Претставува еден од најважните витамини за човекот. Потребен е за формирање на крвните клетки кои носат кислород низ телото и помага за претворање на храната во енергија. Освен тоа, Б5 витаминот е потребен и за здрави кожа, коса и очи, нормална функција на нервниот систем и црниот дроб, за здрав дигестивен систем, производство на хормони и ги намалува холестеролот и триглицеридите. Го намалува уморот и ги подобрува менталните перформанси.

Витаминот Б5 се користи при третирање на голем број на медицински состојби, меѓу кои и акни, алкохолизам, алергии, астма, ќелавост, синдром на карпален тунел, целијакија, колитис, конјуктивитис, зголемена простата, грчеви во мускулите, низок крвен притисок, дебелина, ПМС, зараснување на рани и т.н. Често се додава во козметички производи за коса, кожа, како и во шминка. Најмногу се користи во лосиони и хидратантни кремови.

Неопходен е за синтеза на коензим А – есенцијален за метаболизмот на масните киселини, учествува во разградување на масти, јаглехидрати и протеини, а со тоа и во ослободување на енергија од храната. Покрај тоа, витаминот Б5 придонесува и за производство на разни невротрансмитери и хемоглобинот, со што овозможува стимулација во мозокот и пренос на кислород во крвта. Игра улога и во синтеза на холестерол кој е потребен за создавање на стероидни хормони како што се половите хормони, антистресните хормони и витаминот Д.

Извори на витамин Б5

Најдобар начин за да бидете сигурни дека внесувате доволно пантотенска киселина, е здрава и балансирана исхрана. Витаминот Б5 го има во:

  • брокула
  • јаткасти плодови
  • зелка
  • сладок компир
  • житарици од цело зрно
  • печурки
  • грав
  • грашок
  • леќа
  • јајца
  • млечни производи
  • црн дроб

Потреби за витамин Б5 и недостаток

Дневните потреби за овој витамин изнесуваат 4 до 7 мг, зависно од возраста и здравствената состојба. Недостатокот на пантотенска киселина е многу ретка појава, но ја има. Иако нема некои симптоми, сепак кај лицата со дефицит на овој витамин е забележана главоболка, лошење, вртоглавица, несоница, желудночни проблеми, депигментација на кожата, замор и е проследено со недостаток и на други витамини, особено од Б комплексот.

Наша препорака:

Пантотенската киселина е од витално значење за безброј функции на клетките и одржување на здрав клеточен метаболизам. Токму затоа ви препорачуваме да си ја набавите како додаток на исхраната од проверени производители. А, кога станува збор за квалитет, пантотенската киселина е нов производ кај нашите пријатели Тримекс.

Pantothenic Acid од NOW не содржи ГМО и погодна е за вегетаријанци и вегани. Се препорачува да се зема 1 капсула витамин Б5 дневно, со храна.

Pantothenic Acid од NOW ја препорачуваме затоа што:

  • помага во решавање на проблемот со акни
  • помага при дијабетични чиреви на стапалата
  • е корисна за нега на косата и заштита од опаѓање и побелување
  • ги намалува симптомите на остеоартритис и ревматоиден артритис
  • го регулира холестеролот
  • помага за намалување на телесната маса.
пантотенска киселина витамин Б5

Витаминот Б5 како додаток на исхраната може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна остава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобрите хранливи состојки за јакнење на имунитетот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: