пелати домати во тегла

Пелати – домати во тегла

Ајде да ја отвориме сезоната на зимници! И оваа година нудиме најголем избор на проверени рецепти за подготовка на домашна зимница. Збогатете го вашиот тефтер со вкусни и пробани рецепти. Па така, оваа зима наместо да купувате конзервирани домати, подгответе ги сами дома.

Многу рецепти во подготовката бараат да се стават пелати, а дали сте знаеле дека се прават многу лесно и брзо, и може сами да ги подготвите дома? – Па, збогатете го вкусот на јадењата, манџите, тестенините и сите специјалитети со сочни пелати од тегла.

пелати домати во тегла

Состојки:

  • 6 кг свежи домати
  • 6 ловорови листови
  • 20 листови свеж сечкан босилек
  • 2 лажици шеќер
  • 50 г црн пипер во зрно
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво одберете домати со помала големина, бидејќи подобро се редат во тегла. За подготовка користете долгунести домати.
  2. Потоа доматите добро измијте ги и ставете ги во сад со вода која врие и бланширајте ги околу 1 минута за да може полесно да ги излупите. Доколку доматите се убаво зрели и лушпата лесно се лупи, тогаш нема потреба од бланширање.
  3. Лупените домати ставете ги во широк сад или шерпа, посолете ги по вкус и додајте ги шеќерот, црниот пипер во зрно, иситнетите ловорови листови и исечканиот босилек. Добро измешајте да се соединат состојките.
  4. Теглите добро измијте ги и ставете ги во рерна на 100 степени околу 1 час за да се стерилизираат.
  5. Зачинетите домати наредете ги во стерилните изладени тегли. Оставете околу 1 прст празен простор на врвот од теглата и на крај добро затворете ги.
  6. Наполнетите тегли завиткајте ги во крпи/хартија така што капакот ќе биде откриен и наредете ги во длабок сад. Садот наполнете го со вода така што нивото ќе биде 3 прсти над теглите.
  7. Вака подготвените пелати варете ги околу 45 минути од мигот кога ќе зоврие водата.
  8. На крај оставете ги теглите постепено да се ладат во врелата вода. На здравје!

Наша препорака:

Пред подготовката на зимница, набавете си квалитетни и природни состојки кои ќе го збогатат нивниот вкус.

Ви препорачуваме да прочитате: Малиџано од црвени пиперки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: