Има многу рецепти за слични колачи, а ние наидовме на еден симпатичен, нов и малку поинаков рецепт за кокосови бомбици. Едноставни се за правење, вреди да се пробаат!
Уште еден вкусен и симпатичен рецепт од нашата пријателка Лана, па да го пробаме!

Состојки:
- 225 гр брашно
- 80 гр кокос
- 80 гр шеќер
- 1 рамна лажица прашок за печиво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- прстофат сол
- малку нарендана кора од лимон
- 2 јајца
- 30 гр путер
- 5-6 лажици млеко.
Подготовка:
- Брашното измешајте го со кокосот, шеќерот, прашокот за печиво и изренданата лимонова кора.
- Путерот стопете го на тивок и турете го во садот со претходно измешаните состојки.
- Потоа, додајте ги и јајцата и млекото, чија количина може да ја менувате зависно од потребата. Замесете меко тесто.
- Обликувајте бомбици со големина на зрно грозје и редете ги врз хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути, колку да се здрват и да добијат убава боја.
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за највкусните домашни Рафаело бомбици.