печени ребра во сос

Печени сочни ребра во сос

Сочни ребра кои се топат во уста! Печени во рерна во сос за скара! Звучи одлично зар не? – Ребрата подготвени на овој начин се делат од коската, а месото е сочно и меко. Вкусот од зачините совршено го надополнува сосот за скара, па овој рецепт ќе ве натера да посегнете по парче плус. Па, уште во прва прилика штом ви се пријадат, направете печени сочни ребра во сос за скара.

Дали и вие обожавате ребра на скара? – А што ако ви кажеме дека може да ги направите во рерна без воопшто напор и мака, а крајниот резултат е уште подобар. Нека целиот дом се исполни со мирис на вкусна скара и тоа дирекно од вашата рерна.

Може да ве интересира: 5 најдобри зачини за подготовка на свинско месо.

печени ребра

Состојки:

  • 2 кг свински ребра од Агриа
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн пипер
  • ½ лажичка кумин
  • 1 лажичка чили или кајенска пипер по желба
  • 2 лажици маслиново масло.

За сос:

  • 500 мл сос за скара
  • 3 лажици сечкан лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица Ворчестер сос
  • ½ -1 лажица каенска пипер по желба
  • 1 лажичка сол.

Подготовка:

  1. Најпрво отстранете ја мембраната што ја прекрива долната страна на ребрата. Потоа наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
  2. Во сад измешајте ги сите зачини. Со смесата од зачини поросете ги ребрата од двете страни и убаво истријте ги за да се впијат зачините. Тавата покријте ја со фолија или капак и печете околу 2 часа во претходно загреана рерна на 180 степени.
  3. Кога ребрата ќе бидат при крај со печење, подгответе го сосот. Во длабок сад ставете ги сите состојки за сос и измешајте ги.
  4. Откако ќе се испечат, отстранете ја фолијата и прелијте ги ребрата со сосот за скара.
  5. Вака подготвените ребра печете ги дополнителни 10 минути на 240 степени додека се карамелизираат.
  6. Печеното месо оставете го 10 минути со цел да се впијат сосовите пред да го пресечете и послужите. На здравје!

Наша препорака:

Љубители сте на убавиот вкус на ребра? – Тогаш дефинитивно треба да ги пробате свинските ребра на Агриа. Од Агриа имаат ребра, а и други видови месо со врвен квалитет. Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, а и работат по принципот „од нива до трпеза“. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Затоа, следен пат набавете свежо свинско месо од месарниците на Агриа или маркетите на Тинекс и Рамстор.

ребра во сос 3

Ви препорачуваме да прочитате: Што е маринада и како се користи за маринирање на свинско месо?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: