Кој е за вкусни печени чоколадни крофни? – Децата ги обожаваат, но и возрасните подеднакво им се радуваат. Совршени за детски родендени и забави. Се јадат во еден здив, па ќе ги снема за час.
Печени, а не пржени, па претставуваат поздрава алтернатива за класичните крофни. Може да ги направите во калап или во апарат за печење крофни. Ова е супер лесен и брз рецепт за печени крофни, кој ќе го обожава целото семејство. Сигурни сме дека ќе ги правите повторно и повторно, а на детската радост ќе и нема крај.

Состојки:
- 1½ чаша брашно
- ½ чаша какао во прав
- 2 лажички сода бикарбона
- ¼ лажичка сол
- 1 јајце
- ¾ чаши шеќер
- 3 лажици масло
- ¼ чаша Битолска павлака со 20%мм
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- ½ чаша Битолско млеко.
За глазура:
- 150-200 г чоколадо за готвење
- 2 лажици масло.
Подготовка:
- Во сад измешајте ги брашното, какаото, содата бикарбона и солта.
- Во длабок сад со миксер изматете ги шеќерот и јајцата. Додајте ги маслото, павлаката и ванилиниот шеќер. Миксирајте додека се соединат состојките.
- Постепено во смесата додавајте ги брашното и млекото, и добро промешајте за да се соединат сите состојки.
- Калапот за крофни премачкајте го со растопен путер. Секој отвор наполнете го до ¾ од висината со подготвената смеса за крофни. Може да користите лажица или готварски шприц.
- Крофните печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени од 7-9 минути. Внимавајте да не се препечат.
- Печените крофни извадете ги од калапот и оставете ги да се изладат во целост пред да започнете со нанесување на глазурата.
- Чоколадото искршете го на коцки, ставете го во сад и додајте го маслото. Растопете го на пареа или во микробранова печка.
- Во растопеното чоколадо потопувајте ги изладените крофни до половина или пак со лажица нанесувајте од смесата врз нив. По желба украсете ги со шеќерни трошки. На здравје!
Совет плус: За најдобар резултат и совршено меки крофни препорачуваме да користите Битолска павлака со 20% млечни масти. Има неутрален вкус и совршено одговара за подготовка на десерти.
Ви препорачуваме да прочитате: Кремаста панакота со јагоди.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.