Печено јагнешко меко и сочно како под сач

Во многу краеви во Македонија традиционално за Велигден на трпезата е присутно печено јагнешко. Затоа за вас, малку поистражувавме на социјалните мрежи и на Инстаграм профилот на @sika_spices, најдовме фантастичен рецепт за вкусно и ароматично печено јагнешко меко и сочно како да е печено под сач.

Препорачуваме да го пробате годинава, баш ќе уживате со семејството. Печено јагнешко меко и сочно како под сач, а направено дома во вашата рерна. Ќе бидат воодушевени сите кои ќе пробаат. Нека овие празници трпезата биде многу весела!

печено јагнешко

Состојки:

  • 2 кг јагнешка плешка или бут
  • 1 чаша вода за во печењето.

За маринада: 

  • 330 мл пиво 
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 голема лажица Буковец Сика (лут или благ по ваш вкус)
  • 1 голема лажица мешан зачин Сика
  • сол, црн пипер и оригано по вкус.

За прилози:

  • 4-5 врзопчиња млад кромид (16-20 млади кромитчиња)
  • варен компир или ориз, по желба.

Подготовка:

  1. Во сад се мешаат сите состојки за маринадата за убаво да се соединат.
  2. Јагнешкото месо се потопува во маринадата и се остава да стои најмалку 8 часа.
  3. Во подлабок сад за печење се става месото заедно со маринадата, па се додава 1 чаша вода.
  4. Се покрива со фолија и се пече околу 2,5 часа на 170 степени.
  5. Во меѓувреме, додека месото се пече, сечкаме 4 до 5 врзопчиња младо кромитче.
  6. При крај на печењето ја вадиме фолијата, во тавчето кај што се пече јагнешкото и го додаваме младото кромитче, па печиме уште 40 минути на 180 степени. Внимаваме да има доволно течност за да не ни изгори кромитчето. 
  7. Вкусното, меко и сочно печено јагнешко месо предлагаме да го послужите со варен компир или ориз, по ваша желба. Уживајте во готвењето со зачините на Сика! 

Совет плус:

Јадењето може да го подготвите и во пекач, наместо со фолија. 

Наша препорака:

Ако ви се допаѓа рецептот, погледнете ја веб страницата на Сика и следете ги на нивните Инстаграм профил – @sika spices и Facebook фан страница.

Ви препорачуваме да прочитате: Унгарски гулаш со кнедли.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: