Овој едноставен рецепт за печени пилешки копанчиња е идеален за денови кога ви треба брз и вкусен ручек. Сè што треба да направите е да ги премачкате со ароматичен прелив, да додадете зачини и да ги ставите во рерна.
Едноставните јадења се најчесто и највкусни. Не е потребно да сте вешти во кујната, доволно е да измешате зачини, да додадете лук и да се препуштите на уживањето во мирисите што ќе се шират од рерната. Лукот ќе му даде посебна арома и вкус на пилешкото месо. Лесното приготвување дополнително ќе ве привлече, па овој нов рецепт за пилешки копанчиња ќе стане ваше омилено јадење.

Состојки:
- 10 пилешки копанчиња
- 2 чаши лебни трошки
- 4 лажици магдонос
- 2 лажички црвена пипер
- 2 лажички лук во гранули
- 1 лажичка оригано
- пармезан по потреба
- 2 лажички сол
- 3 лажици сенф
- 200 г путер
- црн пипер.
Подготовка:
- Рерната загрејте ја на 200 степени. Тавата во која ќе ги печете копанчињата премачкајте ја со путер.
- Во посебен сад направете смеса од лебните трошки, пармезанот, ситно исечканиот магдонос, ориганото, пиперот и лук во гранули. Додајте сол и црн пипер по вкус и измешајте.
- Во друг сад растопете го путерот. Додајте го сенфот и мешавината од зачини и убаво измешајте. Премачкајте ги копанчињата со преливот од сенф и путер, а потоа извалајте ги во трошки од леб.
- Вака подготвените копанчиња наредете ги во тава за печење. Печете околу еден час или додека поруменат.
- Испечените копанчиња послужете ги додека се топли во комбинација со помфрит или зеленчук по желба и уживајте во вкусот.
Ви предлагаме да прочитате: Едноставен рецепт за пилешка салата.