Кате ги опиша многу убаво, па од една реченица и секако одличната фотографија, навистина се дознава многу. За овие пилешки плескавици со тиквичка вели: „Едноставни, но многу сочни и меки плескавици кои вреди да ги пробате.“ Со очи да ги јадеш ги направила, да ги подготвиме и ние!
Може да ве интересира: Пилешки крокети со бешамел сос.

Состојки:
- 350 гр пилешки гради
- 1 мала тиквичка
- 1/2 главица кромид
- 1/2 лажичка куркума
- 6 лажици лебни трошки
- по потреба сол
- црн пипер.
Подготовка:
- Изрендајте ја тиквичката и ставете ја да се запржи со малку масло.
- Додајте ја куркумата и откако ќе омекне тиквичката тргнете од оган и оставете да се излади.
- Пилешките гради ситно исечкајте ги.
- Додајте ја пропржената изладена тиквичка, ренданиот кромид и лебните трошки. Зачинете со сол и црн пипер, па убаво измешајте за да се соединат состојките.
- Со намрсени раце земајте од смесата и формирајте плескавици.
- Припремените плескавици наредете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, а потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени и печете за време од 25 минути.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Пилешки ќебапи со рукола.