Плодност, либидо и полесна менопауза – коренот мака корисен за мажите и жените! – совети од Д-р Нела Деспотовска

Зголемена плодност, либидо и полесна менопауза – коренот мака е корисен за мажите и жените! Знаеш што е мака? Кои се нејзините придобивки за мажите и жените? – На оваа тема, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.  

Коренот од мака во последните години добива поголема популарност благодарение на придобивките. Маката е билка која потекнува од Перу, а кај нас е достапна како додаток во исхраната. Традиционално се користела за подобрување на плодноста, либидото, енергијата и издржливоста. 

Зголемена плодност и либидо

Што е мака?

Maca (Lepidium meyenii) е билка со потекло од областа на Андите, која благодарејќи на своите адаптогени својства се нарекува јужноамерикански или перуански жен-шен. Коренот од мака содржи витамини Б1, Б2, Б12 и Ц, алкалодиди, макро и микро хранливи материи, јагленихидрати, протеини, влакна, масни киселини, фруктоза, скроб, танини, наутриум, калиум, калциум, бакар, цинк, железо, манган, силициум и магнезиум. 

Го зголемува либидото кај мажите и жените

Намаленото либидо е чест проблем во светот. Маката е природно решение за мажите и жените кои се соочуваат со овој проблем. Истражувања во оваа област, ги потврдиле придобивките од консумацијата на мака за зголемување на либидото. 

Ја зголемува плодноста кај мажите

Ако се соочувате со неплодност, мала концентрација или мала подвижност на сперматозоидите, започнете да консумирате мака. Студиите покажале дека користењето на мака во период од 12 недели помага за зголемување на концентрацијата и подвижноста на сперматозоидите. 

Ги ублажува симптомите на менопауза

Природното намалување на естрогенот кое се јавува за време на менопаузата може да предизвика непријатни симптоми. Најчесто кај жените во менопауза се јавуваат промена на расположението, топли бранови, проблеми со спиењето, раздразливост. 

Научниците го истражувале влијанието на маката кај жените во менопауза. Студиите потврдиле дека маката помага за ублажување на симптомите на менопауза, намалувајќи ги топлите бранови и лошиот сон.  

Други придобивки од маката се:

  • Го подобрува расположението
  • Ги ублажува симптомите на ПМС
  • Постигнува хормонална рамнотежа кај двата пола
  • Ја подобрува меморијата и менталната фокусираност. 
Мака за зголемена плодност

Дали е достапна кај нас? Како се користи? 

Бидејќи кај нас не може да се најде оваа билка во природна форма, ние ви ја препорачуваме MACA од NOW, производ кој во својот состав содржи корен од мака. Производот е погоден за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО. Може да се набави:

  • Преку веб продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава.
  • Во поголемите аптеки низ земјата.

Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Дозирање и мерки на претпазливост

– Маката не се препорачува за бремени жени и доилки.
– Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок или болест на тироидната жлезда, пред земањето мака да се консултираат со лекар.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Како полесно да се помине низ менопауза?

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: