Подгответе го имуниот систем за зима во време на пандемија

Имунитетот треба да се јакне секојдневно, а најголемо внимание да се обрне во зимскиот период. Зимата е време кога започнуваат настинките и гриповите, а оваа година го имаме и корона вирусот. За да го намалиме ризикот од разболување, важно е да го подготвиме имуниот систем за зима во време на пандемија.

Постојат многу начини на јакнење на имунитетот и тоа со доволен и правилен сон, помал внес на засладена и процесирана храна, контрола на стресот, вежбање… А, најважни се правилната, разновидна и балансирана исхрана и големиот внес на антиоксиданси. Внесувајте антиоксиданси цела зима и спротивставете им се на вирусите.

антиоксиданси во зима 2

Што се антиоксиданси?

Антиоксидансите се соединенија кои ја спречуваат оксидацијата во телото и ги уништуваат слободните радикали. Оксидацијата е природен процес, а слободните радикали кои се создаваат при оксидација го нарушуваат балансот во телото. За да се спречи процесот на оксидација, на телото му се потребни антиоксиданси кои ја „санираат“ штетата направена од оксидансите (слободните радикали). Кога во телото постои баланс помеѓу оксидансите и антиоксидансите, може да кажеме дека нашиот организам е здрав. Но, модерниот начин на живот, загадувањето на воздухот, нездравата храна и слично, ја нарушуваат оваа рамнотежа, така што ги зголемуваат слободните радикали. За одржување на здрав имун систем и баланс во организмот, потребно е да се внесуваат антиоксиданси преку храната или како суплементи. Еден од најсилните природни антиоксиданси е астаксантинот.

Астаксантинот е моќен антиоксиданс кој ги штити сите клетки во телото – 6000 пати посилен од витаминот Ц

Астаксантинот е еден од најмоќните природни антиоксиданси и каротеноиден пигмент со црвена боја, дури 6000 пати посилен од витаминот Ц. Навлегува во клетките и обезбедува заштита за целото тело. Најконцентриран извор на астаксантин е микроалгата Haematoccocus pluvialis. Овој антиоксиданс природно го има и во:

  • лосос
  • пастрмка
  • ракчиња
  • крил
  • јастог.

Како астаксантинот го помага имуниот систем?

Имуниот систем е изграден од клетки и ткива кои што го штитат организмот од инфекции, болести, бактерии, вируси и други штетни материи. Особено е важен во зима кога се чести настинките. Кога телото е нападнато од микроорганизам, токсини или слично, имуниот систем започнува да создава антитела кои се борат против „напаѓачот“. Имуниот систем има способност да ги „памти“ антителата и така го штити организмот од идни напади на микроорганизми и го гради имунитетот.

Астаксантинот го подобрува имуниот одговор преку зголемување на бројот на антитела и штити од оксидативен стрес. Исто така, астаксантинот има способност да ги неутрализира слободните радикали и да воспостави баланс во телото. На тој начин го брани организмот од оксидација и хронична инфламација.

Подгответе го имуниот систем со BioAstin Hawaiian Astaxanthin

Од храната, астаксантинот првенствено го има во лососот, но тоа не е доволно за да овој антиоксиданс има влијание врз имунитетот. Затоа се препорачува земање на астаксантин како додаток на исхраната. Како таков, наша препорака е BioAstin Hawaiian Astaxanthin на Nutrex. Астаксантинот во BioAstin-от доаѓа од микроалгата Haematoccocus pluvialis и се добива преку сушење на алгата.

Освен за јакнење на имунитетот, BioAstin-от придонесува и за:

  • заштита на зглобовите и тетивите
  • заштита на кардиоваскуларниот систем
  • нормален метаболизам на железо
  • одржување на нормален вид
  • здрава кожа
  • закрепнување после вежбање.

Со почетокот на ладната зима, доаѓањето на грипот и настинките и веќе постоечката пандемија, топло ви препорачуваме да преземете мерки за заштита на имунитетот. Секојдневното земање на BioAstin може да помогне. BioAstin-от ќе го најдете во повеќето аптеки ширум земјава, а може и да си го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс и да го добиете со бесплатна достава.

биоастин во зима 3

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Користени извори:

  1. MedLine Plus. (2020) Immune System and Disorders.
  2. Park, Jean Soon, et al. (2010) Astaxanthin decreased oxidative stress and inflammation and enhanced immune response in humans. Nutr Metab (Lond).
  3. Harvard Health Publishing. (2020) Fighting Inflammation.
  4. Barlic, Ivana, et al. (2015) Effect of Astaxanthin Supplementation on Salivary IgA. Oxidative Stress and Inflammation in Young Soccer Players. Hindawi Publishing Corporation.

Ви препорачуваме да прочитате: Топ 5 антиоксиданси и нивната важност за здравјето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: