На нашите трпези често може да се најдат полнети пиперки. Традиционално ги припремаме од ориз и мелено месо, понегокаш полнети со изварка или сирење… Овој пат ви предлагаме да пробате една слична, но малку поинаква верзија за подготовка на полнети пиперки со мелено месо и кус кус.
На лик се многу слични, а вкусот им е одличен. Сите љубители на промени во готвењето и за вас кои сте гурмани, препорачуваме да го пробате!

Состојки:
- 7-8 поголеми пиперки или бабури
- 500 гр мелено месо
- 100 гр кускус
- 200 гр густо доматно пире (или 2 свежи домати со излупена лушпа)
- 1 главица кромид
- 1 лажичка путер или маргарин
- 1 говедска коцка за супа
- 1 лажица мешан сув зачин
- ½ лажичка црн пипер
- 1 лажичка сув босилек
- ½ лажичка оригано
- ½ лажичка зачин гарам масала.
Подготовка:
- Кускусот припремете го во толкава течност колку што пишува во упатството, а во таа количина додадете ја коцката за супа. Кус кусот кој беше употребен во рецептов се приготвува инстант со киснење за време од 4 минути во врела вода.
- Додадете го путерот/маргаринот ( 1 лажичка или една мала коцка од 1-1,5 см), промешајте и оставете го покриен да ја впие врелата течност.
- Во меѓувреме ставете го ситно исечканиот кромид за кратко да се пропржи, па додадете го меленото месо.
- Откако кромидот ќе се запржи додадете ги доматите и доматното пире.
- Зачинете со предложените зачини или пак импровизирајте по свој вкус и можности.
- Пржете додека доматите убаво се соединат со останатите состојки.
- Пред смесата да се згусти потполно, додадете го припремениот кускус, па мешајте се заедно врз исклучената врела рингла уште 2-3 минути.
- Извадете ги дршките од пиперките и полнете ги со припремениот фил.
- Отворите затворете ги со парче домат.
- Налејте вода до 1/3 од висината на пиперките, а нив одозгора попрскајте ги со масло.
- Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути, односно додека омекнат и се испечат пиперките.
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви препорачуваме да прочитате: Редена кус кус салата со варени јајца.