Ја искористивме нашата омилена супер храна Spirulina Pacifica за разубавување на празничната велигденска трпеза! Направивме полнети јајца со зелен фил и ги послуживме како мезе.
Идејата е добредојдена за празниците, а може слободно да ја искористите и кога ќе имате поголема количина на варени јајца. Супер комбинација со здравата Spirulina Pacifica, свежо нане и кисели краставички. Лесно, брзо, вегетаријанско и без глутен!

Состојки:
- 4 варени јајца
- ½ – 1 мала лажичка Spirulina Pacifica во прав
- 1-2 кисели краставички
- 100 мл кисела павлака
- свежо или сушено нане по вкус
- сол и мелен црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Јајцата ги лупиме и ги сечеме на половина.
- Жолчките ги ставаме во длабок сад и ги пасираме.
- Киселите краставички ги сечкаме на мали коцки.
- Во садот со пасираните жолчки ги додаваме сечканите краставички и мешаме додека состојките се соединат.
- Потоа, во садот со жолчките ја додаваме и киселата павлака.
- Мешаме со лажица и додаваме Spirulina Pacifica во прав, ситно сечкано свежо нане и зачинуваме со сол и мелен црн пипер. Филот го мешаме додека се добие хомогена смеса.
- Белките ги ставаме во чинија за сервирање.
- Со помош на мала лажичка во белките ги полниме со зелениот фил, а потоа ги наросуваме со ситно сечкано свежо нане. Декорацијата ја завршуваме со листови нане, по примерот на фотографиите или по желба.
- Вака приготвените јајца со зелен фил послужете ги веднаш како мезе или предјадење. На здравје!
Информација плус: Spirulina pacifica во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во паковања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатана достава.

*Комерцијален рецепт
Ви предлагаме да прочитате: Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка.