Многу брзо и многу лесно ќе направите превкусен посен колач од бисквити со фантастичен вкус на мешано јаткасто овошје, суво грозје и чоколадо. Уживање во секој залак!

Состојки:
- 200 гр посни бисквити
- 150 гр маргарин
- 150 гр чоколадо за готвење
- 120 гр мешавина од ореви, лешници, бадеми
- 3 лажици шеќер
- 90 мл млеко од соја
- 30 гр суво грозје
- 1 лажичка екстракт од ванила.
Подготовка:
- Најпрво бисквитите искршете ги на помали парчина.
- Оревите, лешниците и бадемите исечкајте ги ситно и ставете ги во одделен сад.
- Во истиот сад додајте го и сувото грозје, а коколадато прво искршете го на коцки.
- Маргаринот кој претходно сте го исекле на коцки, шеќерот и млекото од соја ставете ги да се стопат и соединат на пареа.
- Потоа додајте ги бисвитите со исечканото јаткастото овошје и убаво измешајте.
- Смесата ставете ја во силиконски калап или во друг калап со кој што располагате, па со помош на лажица порамнете ја површината.
- На крај, ставете го во фрижидер за да се излади и да се стегне. Изладениот колач превртете го врз соодветна подлога, посипете го со шеќер во прав, исечете парчиња и послужете го.
На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.