„Колачево е вкусно, превкусно ви гарантирам .“ – ни кажа Невена, а ние и веруваме. Состојките на овој посен колач со фил од мак прават една таква комбинација во која само може да се ужива.
Полн и богат вкус од една страна и овошна свежина од јаболкото. Многу убав и секогаш добредојден на трпезата!

Состојки:
За тесто:
- 200 гр путер/маргарин на собна температура
- 400 гр брашно
- 200 гр шеќер
- рендана кора од лимон
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажиче прашок за печиво
- 7-8 лажици вода
За фил:
- 200 гр мак
- 500 мл вода
- 120 гр шеќер
- 1 средно рендано јаболко
- 50 гр сечкано суво грозје
- 100 гр мелени ореви
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1/4 лажиче цимет
За декорација:
- по потреба шеќер во прав.
Подготовка:
- Прво подгответе го тестото. Во сад ставете ги путерот/маргаринот и шеќерот и со миксер, а со помош на мешалките за тесто изматете ги.
- Потоа додајте ги и останатите состојки и матете ги додека се изедначи тестото. Ако мислите дека е премногу тврдо може да додадете уште неколку лажици вода.
- Добиеното тесто префрлете го врз набрашнета површина, малку измесете го и соберете го во топка. Завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер.
- За тоа време подгответе го филот. Водата ставете ја да зоврие, а потоа додајте го макот и оставете го да вари се додека течноста целосно испари, некои 10-тина до 15 минути.
- Тргнете го садот на страна и додајте ги сувото грозје, шеќерот и ванилата. Измешајте и оставете да се изладат.
- На крај додајте ги и оревите, јаболкото и циметот, па измешајте.
- Продолжете со подготовка на колачот. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, а изладеното тесто поделете го на два дела.
- Од едниот дел на набрашнета површина развлечете кора со големина на плехот (25х30). Плехот малку набрашнете го, па во него ставете ја кората и малку избоцкајте ја со вилушка.
- Ставете го целиот фил и со лажица израмнете го.
- Развлечете ја и другата кора и ставете ја над филот. И неа избоцкајте ја со вилушка.
- Ставете го колачот да се печи околу 35-40 минути.
- Печениот колач оставете го да излади, исечете го на коцки, посипете го со шеќер во прав и послужете го.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Посен колач со афион и кокос.