Сахер колачот е омилен на голем број од нас, а варијациите на неговиот рецепт се многубројни. Повелете одличен рецепт за посен сахер колач со интегрално брашно. Испробан и навистина вкусен!

Состојки:
За пандишпан:
- 500 мл вода
- 200 гр интегрално брашно
- 250 гр бело брашно
- 300 гр кафеав шеќер
- 100 мл масло
- 30 гр какао
- 1 кесичка ванилин шеќер или екстракт од ванила
- 15 гр прашок за печиво.
За фил:
- 5-6 полни лажици мармалад од кајсии.
За глазура:
- 100 гр посно чоколадо за готвење
- 1 лажица маргарин
- 50 мл млеко од соја.
Подготовка:
- Рерната оставете ја да се загрее на 180 степени.
- Во поголем сад измешајте ги сите суви состојки, а потоа додајте го маслото и водата.
- Измешајте со жица или голема лажица, за да се изедначат состојките и да нема грутчиња.
- Смесата туретеја во плех (25х30см) намачкан со маргарин или масло и посипан со брашно.
- Печете околу 30-35 минути, а за најсигурно проверете со чепкалка која треба да биде сува откако ќе ја извадите.
- Печениот колач оставете го да се излади и потоа хоризонтално исечете го на половина.
- Премачкајте го со мармаладот на средината и одозгора.
- Чоколадата стопете ја заедно со маргаринот и млекото, а потоа прелијте го колачот.
- Колачот оставете го на ладно да се стегне, а потоа послужете го исечен на коцки. По желба може да се сервира со изматена растителна павлакa.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.