Посни грицки со бадеми 1

Посни грицки со бадеми

Крцкави и симпатични! Време е да ги пробаме вкусните посни грицки со бадеми од кујната на Катерина! Одлични за целото семејство и за со пријателите.

Може да ве интересира: Посни солени стапчиња со сенф.

Посни грицки со бадеми 2

Состојки:

  • 200 г спелтино брашно
  • 50 мл маслиново масло
  • 100 г печени бадеми
  • 1 полно лажиче прашок за печиво
  • околу 8 лажици кисела вода
  • хималајска сол по вкус

За посипување:

  • сусам по потреба
  • хималајска сол по потреба.

Подготовка:

  1. Бадемите запечете ги на 150 степени, за време од 15 минути, а потоа изблендирајте ги за да се иситнат.
  2. Во сад ставете ги брашното, бадемите, маслото, прашокот за печиво, сол по вкус и 5 лажици од киселата вода.
  3. Почнете со месење.
  4. Ако има потреба додајте уште кисела вода.
  5. Треба да се добие средно меко тесто.
  6. Меѓу 2 листа хартија за печење расукајте кора со дебелина по ваша желба.
  7. Посипете со сусам и со сукало поминете низ кората за да се залепи убаво сусамот.
  8. Исечете ја кората на коцки и посолете со малку хималајска сол.
  9. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
  10. Печете на 200 степени, околу 20 минути и крцкавите посни грицки со бадеми се готови. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посни грицки со сончоглед и сусам.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: