Посни попарени полжавчиња 1

Посни попарени полжавчиња

Имаат интересен изглед и препознатлив шарм кој го обожаваат сите генерации. Посните попарени полжавчиња се одлични колачи кои се вклопуваат за почестување на пријателите како прилог со кафето, за десерт после убав ручек, вечера или за едноставно засладување на нашите најсакани малечки.

Секој пат кога имаме можност да ги јадеме им се радуваме, па препорачуваме да ги пробате и вие што поскоро вкусните посни попарени полжавчиња.

popareni polzavcinja 2

Состојки:

  • 6 шолји бело брашно
  • ½ коцка свеж квасец
  • 2 шолји млака вода
  • 3 филџани масло
  • 3 шолји гриз
  • прстофат сол
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици какао.

Шолјата е со количина од 100 мл.

За шербет:

  • 600 гр шеќер
  • 500 мл вода.

Подготовка:

  1. Во поголем сад ставете го квасецот заедно со млаката вода, маслото, солта и ванилата, па растворете ги состојките.
  2. Откако се соединиле, додајте ги гризот и брашното, па замесете тесто.
  3. Убаво измесеното тестото поделете го на два дела. Во едниот дел додајте го какаото и повторно измесете го за да се распредели рамномерно низ смесата.
  4. Со помош на сукало и двете теста малку се развлекуваат, па се поставуваат едно врз друго и тогаш се развлекува убава правоаголна кора која потоа се завртува и се формира ролат.
  5. Така припремениот ролат се става во фрижидер за малку да се излади и да биде полесен за сечење, односно парчињата да имаат поубава форма. Парчињата се сечат со дебелина од околу 1 сантиметар.
  6. Пред печење, наредени во претходно намрсена тава, се оставаат да нараснат околу 20-30 минути. Се печат во веќе загреана рерна на 180-200 степени додека постигнат убава боја. Печените полжавчиња извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.
  7. Во сад на оган ставете ги шеќерот и водата. Оставете да зовријат и да се варат околу 15 минути за течноста да се згусти.
  8. На крај, печените и изладени посни полжавчиња се попаруваат со топол шербет и се оставаат неколку часа за да го впијат шербетот.

Ви препорачуваме да прочитате: Цимет ролнички.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: