Посни шербет колачи

Посни шербет колачи

Вкусот кој им го даваат оревчиња е посебен! За време на пости или во било кој ден кога ви се јаде нешто слатко и сочно, срдечно ви ги препорачуваме испробано вкусните посни шербет колачи.

Кате знае што е добро, а ние сигурни во нејзините предлози, од срце ви препорачуваме да ги пробате овие колачи и вкусно да го збогатите кафе дружењето со пријателите.

Посни шербет колачи 2

Состојки:

За тесто:

  • 200 мл масло
  • 150 мл млака вода
  • ½ квасец
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 100 гр гриз
  • брашно по потреба
  • по желба сечкани ореви.

За шербет:

  • 500 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер.

За валкање (украсување):

  • по желба афион
  • по желба шарени трошки.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги сите состојки за тестото и од нив замесете средно меко тесто.
  2. Од половината тесто формирајте топчиња, а во секое топче ставете по малку сечкани ореви.
  3. Од другата половина, формирајте издолжени форми, така што ќе земете тесто и ќе формирате топче кое со помош на сукало ќе го развлечете на рапавата страна на рендето.
  4. Ставете сечкани оревчиња и завиткајте како ролат.
  5. Колачите наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
  6. Печете ги во загреана рерна на 180 степени додека поруменат.
  7. Испечените колачи оставете ги да се изладат, а во меѓувреме подгответе го шербетот.
  8. Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и ќесичката ванилини шеќер, па оставете да вријат околу 5 минути. Со топлиот шербет прелејте ги колачињата и оставете ги да го впијат шербетот.
  9. На крај, дел од посните шербет колачи свалкајте ги во мелени ореви, а дел украсете ги со афион и шарени украсни трошки.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Посни колачи со пиво, гриз и кокос.

Сподели: