Е ова е комплетен ручек или вечера! Вкусниот предлог за похуваните свински шницли со прилог од зеленчук ни доаѓа од кујната на Невена. Рецептот е идеален за млади креативци во кујната кои сакаат да го изненадат партнерот и семејството, но и за останатите.
Состојките кои се потребни за овој рецепт се едноставни и лесно може да се набават, што е голем плус за приготвување на вака убав специјалитет.

Состојки:
- 8 (600 гр) тенки свински шницли
- по потреба сол и црн пипер
- 2 јајца
- по потреба брашно
- по потреба лебни трошки
- по потреба масло за пржење на шницлите
- 1 голем морков
- 1 среден компир
- 200 гр замрзнат грашок
- 150 гр пченка од конзерва
- 250 мл вода
- ½ коцка за супа
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица путер.
Подготовка:
- Секоја шницла од двете страни зачинете ја со солта и црниот пипер. Шницлите ставете ги во сад и оставете ги да отстојат во фрижидер неколку часа.
- Во една чинија изматете ги јајцата со малку сол, во друга ставете брашно и во трета лебни трошки. Секоја шницла извалкајте ја прво во брашното, па во јајцето и на крај во лебните трошки.
- Во тава на оган ставете масло да се загрее. Во загреанто масло ставете ги шницлите и пржете ги на среден оган од двете страни. Пржените шницли ставете ги врз кујнска хартија или салфетки да се впие вишокот на масло.
- Во меѓувреме додека се пржат шницлите подгответе го прилогот. Компирот и морковот излупете ги и исечете ги на помали коцки. Ставете ги во тенџере и додајте ги грашакот, водата, маслото и коцката за супа. Тенџерето ставете го на оган на средно висока температура и оставете го зеленчукот да се вари. При крај кога водата испарила, останало сосем малку, додајте ги пченката и путерот, и варете ги додека течноста целосно испари.
- Похуваните свински шници со прилогот од зеленчук послужете ги додека се топли во комбинација со салата или зазики сос. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.
Ви предлагаме да прочитате: Семејна тава со свинско месо.