празничен ролат од месо

Празничен ролат од месо

Ако сакате да подготвите нешто ново и многу вкусно тогаш овој рецепт е токму за вас. Празничен ролат од свинско месо, незаменлив деликатес за секоја свечена трпеза или богат ручек за вашето семејство!

Набавете ги состојките, издвојте време за готвење и започнете ја кулинарската празнична авантура. Вреди да се проба!

празничен ролат од месо

Состојки:

  • 2 кг свинско каре од Слога
  • 150 г сечкано или мелено месо
  • 200 г маринирани шампињони
  • 2 чаши спанаќ
  • 1 помала главица кромид
  • 1 морков
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 1-2 лажици лебни трошки
  • 1 лажица ким
  • малку масло
  • оригано, сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Месото оставете да се одмрзни, но не целосно, за да може убаво да го исечете. Измијте го и засечете го за да добиете правоаголна месна кора. Зачинете го со сол.
  2. Одвојте мал дел од месото и исечкајте го на ситни парчиња или сомелете го.
  3. Лукот ситно исечкајте го, а од морковот исечете стапчиња.
  4. Кромидот исечкајте го и ставете го во тава на оган да се динстува. Откако кромидот ќе омекне додајте го исечканото месо. По 10 минути додајте ги и шампињоните и оставете да се динстува уште 5 минути.
  5. Потоа, тргнете ја тавата од оган и оставете ja смесата да се излади. Зачинете со сол, црн пипер, оригано и додајте го јајцето. Во смесата додајте и лебни трошки и убаво измешајте.
  6. Врз кората од месо ставете спанаќ, а потоа додајте го подготвениот фил. Врз филот наредете ги стапчињата од морков. Месото завиткајте го во ролат и врзете го со кујнски конец.
  7. Подготвениот ролат премачкајте го со мешавина од сув зачин, сол, ким, црн пипер и лук.
  8. Прелијте го месото со малку масло и ставете го да се печи во претходно загреана рерна на 220 степени околу два часа или помалку. За време на печењето, месото преливајте го неколку пати.
  9. Готовиот ролат оставете го кратко да се излади, а потоа сечете го на прачиња. Сервирајте го со гарнир по желба и послужете го. На здравје!

Совети плус:

  • Ако филот е многу течен, додајте уште лебни трошки. 
  • Времето на печење зависи од големината на парчето месо. Ако користите помала количина, печете пократко време. Ролатот може да го подготвите и во ќеса за печење. Така ќе биде посочен.
  • А за да направите совршен ролат од свинско месо, изберете ги производите на Слога. Долгогодишното искуство, квалитет и традиција ги прават производите на Слога задолжителен дел на секоја трпеза. Покрај свинско каре, нивната палета нуди најразлични свински производи како свински бут без коскасвинско филесвински врат За повеќе идеи за празничната трпеза посетете ги Facebook фан страницата и Instagram профилот на Слога и заследете ги.
ролат од месо

Ви препорачуваме да прочитате: Свинско каре во сос од шампињони.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: