свинско каре 1

Свинско каре во сос од шампињони

Немате идеја што да подготвите за ручек? – Ви предлагаме вкусен рецепт за подготовка на свинско каре во комбинација со шампињони кој нѐ воодушеви. Рецептот е едноставен и без многу состојки, па секој може да го подготви и да има богат ручек на трпезата.

Сочно свинско месо со сос од печурки! – Звучи совршено, зар не? Оваа комбинација нѐ освои и секогаш ѝ се радуваме кога ни е на мени. Останува само да набавите свинско каре, печурки и да одвоите малку време за готвење.

свинско каре 2

Состојки:

  • 8 парчиња замрзнато свинско каре (околу 600 г месо)
  • 2 лажици путер или свинска маст
  • 2 главици кромид
  • 500 г шампињони
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка зачин за готвење
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл вода
  • 1 ќесичка крем супа од печурки
  • брашно по потреба
  • масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Свинското месо оставете го да се одмрзни. Парчињата месо зачинете ги со сол и црн пипер по вкус, а потоа извалкајте ги во брашно.
  2. Испржете ги на загреано масло додека добијат убава златна боја и тргнете ги во сад на страна.
  3. Кромидот исчистете го и исечкајте го на ситни коцки. Запржете го во тавата во која се пржеше месото.
  4. Во меѓувреме шампињоните добро исчистете ги и исечете ги на ленти.
  5. Откако кромидот ќе омекне зачинете го со црвен пипер и добро измешајте, па додајте ги и шампињоните. Динстувајте околу 10 минути.
  6. Откако шампињоните ќе пуштат течност и омекнат, додајте ги пржените парчиња свинско каре. Додајте 100 мл вино и 100 мл вода, зачинете со мешан зачин и оставете да се вари околу 15 минути.
  7. Супата од печурки растворете ја во 100 мл вода и додајте ја во садот со месо и шампињони и оставете сѐ заедно да се вари дополнителни 10 минути додека се згусти сосот.
  8. Вака подготвеното свинско каре со шампињони послужете го додека е топло со ливчиња свеж босилек. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко Кордон блу.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: