praznicni zelatin oblandi 1

Празнични желатин обланди

Празниците се ближат и време е да собираме интересни и декоративни идеи! Од ризницата на креативната Катерина имаме нов рецепт за прекрасни желатин обланди. Да ги направиме и да уживаме пријатели!

Секоја прилика кога има собири и празници е совршена да ги направите и послужите.

praznicni zelatin oblandi 2

Состојки:

  • 3 листа обланди
  • 2 ќесички желатин
  • 100 мл вода
  • свежо цеден сок од 1 лимон

За шербет:

  • 500 г шеќер
  • 200 мл вода.

Останати состојки:

  • 300 г желе бомбони
  • 250 г бисквити
  • 100 г суво грозје
  • 130 г крем банани.

Подготовка:

  1. Растворете го желатинот со водата и сокот од лимон и оставете ја смесата во замрзнувач за време од 30 минути.
  2. Водата и шеќерот зовријте ги, па во млаз со постојано матење со миксер, додајте ги во желатинот.
  3. Матете додека смесата стане како густа.
  4. Во изматената смеса додајте ги ситно сечканите желе бомбони, кршените бисквити, сувото грозје и сечканите крем банани. Измешајте.
  5. Листовите обланда ставете ги врз влажна крпа.
  6. Врз секој лист обланда ставете од филот, а потоа завиткајте ролат.
  7. Ставете ги во фрижидер да се стегнат и на здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна обланда со чоколадо и бисквити.

Сподели: