интервју мала слика

Предновогодишно со Александра Шијакоска: Ја научивме да подготви празнични рецепти за да ја изненади најдобрата пријателка

Ретко кој не ја знае последниве неколку години, а што е важно освен амбасадор за мода, Александра Шијакоска која стои и позади истоимениот инстаграм профил @aleksandrashijakoska, важи и за личност која шири позитива на социјалните мрежи и го разведрува денот на своите скоро 50 илјади обожаватели. Предновогодишно инспирирани ја научивме да подготви празнични рецепти за да ја изненади најдобрата пријателка Кика!

Уживавме во дружбата со нашите гостинки и во таа чест, прославата ја продолживме во прекрасниот празничен амбиент на Aurum Kitchen & Bar – стилски дизајниран бар ресторан во Битола, што може да се почувствува и од фотографиите во прилог. Расположени, наздравивме за животот и за празниците кои доаѓаат, дегустиравме од празничното јадење и десерт и убаво си поразговаравме. Се заблагодаруваме на нашите пријатели од компанијата Podravka што ја поддржаа оваа наша иницијатива за готвење со љубов, а за што поразговаравме и каква оценка дадоа за нашето празнично мени Александра и нејзината пријателка, ви откриваме во интервјуто подолу!

Кошнички од мелено месо со фил 7

Убавина за очи и вкус кој се памети! Ги споивме нашето 10 годишно искуство во областа на храната и скоро 5 годишното искуство во блогирање на Александра. Заедничката листа на соработки зад неа и зад нас е неизмерно долга и полна со квалитетни спомени и активности, па најдовме многу заеднички нешта кои ги споделуваме со вас и се надеваме ќе уживате исто како нас!

Знаеме дека повеќе години си позната на македонски социјални медиуми и луѓето те обожаваат. Која е твојата тајна за успех?

– Искреност. Сега и засекогаш. Јас имам и една изрека која ми стои во био и ја користам многу често, а тоа е „љубовта со љубов се враќа”. Тоа значи дека колку давате, толку и ќе примате. – открива за sezahrana.mk Александра Шијакоска, инста блогер.

Што беше твојот поттик да станеш инфлуенсер?

– Никогаш не го планирав овој тек на работите. Сосема наивно влегов во оваа работа, не знаев ни што значи инфлуенсер. Сакав да се сликам, да си правам интересни комбинации. Од стипендијата на факултет си купив машина, па на почеток сама си преправав некои стари работи од тетките или мајка ми. Ги искористив петте минути кои животот ни ги дава на секој од нас и еве нѐ тука. – вели Александра.

Колку години се занимаваш со модно блогирање и колку те исполнува тоа?

– Мислам дека веќе се скоро пет години. Има моменти кога оваа работа те носи на точка на исполнување на себеси, а има и моменти кога сакаш сѐ друго да работиш, освен оваа работа. Исто како и секоја останата работа. – споделува Александра.

Ретко кој не сака да шета, а со шетањето доаѓа во пакет откривање на други култури, нивните кујни и традиции. Па, ја прашавме Александра, дали би сакала ли почесто да има проекти со посета на познати светски дестинации и откривање на нивната храна, за да споделува свои впечатоци со нас.

– Секако. Тоа ми е животна цел моментално и ќе се трудам да патувам што повеќе, да запознавам нови култури, луѓе и се тоа што не сум имала прилика да го исполнам досега. Секоја дестинација си е посебна, се надевам 2022 ќе биде година на освојување на светот. – вели Александра.

Уживаш ли во комуникацијата со другите блогери? Кој е твојот впечаток за тимот на sezahrana.mk?

– Апсолутно, инстаграм ми донесе многу добри пријатели и познанства од кои неколку и доживотни. Секогаш ќе сум многу благодарна за тоа. Секоја пофалба за тимот на Сѐ за храна, баш ми требаат пријатели кои знаат да готват, барем нешто да научам. – смеејќи се открива Александра.

И сама кажуваш дека не готвиш многу, а знаеше ли дека sezahrana.mk постои 10 години и кој стои зад веб сајтот? Уживаше ли во оваа оваа кулинарска дружба?

– Да, тоа е општо познато дека освен три-четири работи не знам ништо да зготвам, знаев за сајтот, но не знаев кој стои зад него, баш ми е мило што се запознавме и остваривме контакт и супер дружење. – срдечно споделува Александра.

Радо те поканивме да бидеш наша гостинка заедно со твојата пријателка Кика. Се подруживме и поразговаравме за интересни кулинарски совети, уживавме декорирајќи заедно, па каква е вашата оценка за празничното мени од тимот на sezahrana.mk, кое го приготвија Катерина и Марија, ќе ни откриете ли што посебно ви се допадна од дружбата и храната?

– За десертот чиста десетка, сестра ми често го прави со внуците во слична верзија, но не на толку усовршено ниво и така декорирано, а за солениот празничен венец, иако не сум љубител на месо морам да кажам дека изгледаше многу примамливо и што е важно од разговорот сфатив дека многу лесно се подготвува, иако е главно јадење. – објаснува Александра.

празнично мени

Уживавте ли во креативноста и вкусот на јадењето и десертот, ве мотивиравме ли празнично да пробате и самите дома? Мислите ли дека ова се лесни и брзи идеи кои секој може да си ги дозволи и да ги направи независно од искуството во кујната?

– Многу! –  Кога слушнав дека се брзи и лесни идеи со кои се склопува цело мени, размислувам да пробам. За десертот ќе пробам сама, затоа што мислам дека не треба да си многу вешт во кујна и мислам дека ќе се снајдам, а за главното јадење дефинитивно ќе ми треба помош, но тука сметам на поддршката и советите од Катерина и Марија, а верувам и во нивниот добар избор на производи од палетата на Podravka кои овозможуваат брзо и лесно готвење. – посочува Александра.

За крај, која е твојата порака за сите кои те следат тебе и нас?

– Да бидат среќни и заедно со семејството за празниците, да веруваат во себе. Доколку сакаат да ме следат мене за мода, а вас за рецепти. Па може еден ден и од мене ќе биде нешто во кујна. – вели Александра.

А ние од Сѐ за храна тимот ви најавуваме да нѐ следите во наредните денови, затоа што со радост ќе ги споделиме нашите рецепти за празнично мени, до најситни детали, за и вие да може да си ги направите и уживате во вашите домови!

Ќе може да уживате во: Кошнички од мелено месо со фил – празничен венец и Чоколадни кремасти лампиони – брз десерт.

Автор на фотографии: @zdravevski.photography.

Автор на главно јадење: Катерина Шамбевска Спасеновска @katerina.shambevska.

Автор на десерт: Кочовска Марија – @kocovska.marija.

Локација на фотосесија: Aurum Kitchen & Bar, @aurumkitchenbar.

*Powered by Podravka.

Сподели: