Истражувањето објавено во списанието „The American Journal of Clinical Nutrition“, тврди дека консумацијата на пржени компири, значајно го зголемува ризикот од предвремена смрт. Има ли тука вистина и што е навистина штетно во пржените компири?
Според ова истражување, лицата кои јадат премногу често пржени компири, како помфрит или на друг начин, односно барем 2 пати неделно, имаат зголемен ризик од рана смрт.

Истражувачите ги следеле внимателно навиките на 4400 луѓе, на старост од 45-79 години, во период од 8 години. За време на тој период, починале 236 од учесниците во истражувањето. Кога ги прегледале дневниците за исхрана, било утврдено дека поголемиот број од починатите лица јаделе 2 и повеќе пати неделно пржени компири. Спротивно на тоа пак, било утврдено дека компирите припремени на друг начин (варени или печени), не се поврзани со зголемен ризик од рана смрт. Исто така, ова истражување не тврди дека компирите сами по себе се ризичен фактор во исхраната.
Може да ве интересира: Најбрзо пригответе варени компири.
Сами по себе, компирите се здрава намирница. Богати се со растителни влакна, калиум, магнезиум, и не содржат масти, натриум и холестерол. Повеќе за тоа може да прочитате тука.
Па, што е она што ги правите пржените компири ризични?
Одговорот е начинот на припрема. Пржењето и квалитетот на маслата кои се користат за тоа, драстично го менуваат нутритивниот состав на компирите. Хидрогенизираните масла кои се користат во рестораните за пржење на помфрит и онака не се здрави. Уште поопасни се затоа што се користат повеќе пати, а со тоа нивните хранливи особини драстично се влошуваат. Во домаќинствата, приказната е слична, а рафинираните и хидрогенизираните масла на подолг рок предизвикуваат низа здравствени проблеми.
Има и уште нешто. Неодамна е откриено дека скробните намирници како компирот, кога се изложат на високи температури, формираат супстанца по име акриламид. Тој се смета за канцерогена супстанција, што дополнително го зголемува здравствениот ризик од пречеста консумација на пржени компири.
Како да ги избегнете ризиците ако обожавате компири?
Едноставно. Варете ги или печете ги компирите, во рерна, во лушпата, на жар и слично. Така повеќе се зачувуваат хранливите материи и истовремено ќе уживате во корисните здравствени придобивки.
Ви препорачуваме да прочитате: Компирот како храна и лек – хранлива вредност, употреба и дејство.