Што е подобро од детоксикација за здравјето, нели?! Во последно време применуваме еден лесен рецепт за подготовка, а функционален како природен детокс пијалак. Не ви се потребни повеќе од 5 минути!
Утрото е најдоброто време за подготовка на овој пијалак. Најдобро е да го пиете на гладно, во првиот час од станувањето, а откако ќе го испиете да не јадете ништо барем 20-30 минути. Одлично хидрира и го подобрува метаболизмот. Еве што ви е потребно.

Состојки:
- 1 лажица јаболкова киселина (најдобро е ако имате домашна/природна)
- свежо цеден сок од 1/2 лимон
- неколку см краставица, исечкана на тенки кругови
- неколку ливчиња свежо нане
- 1 чаша вода.
Подготовка:
- Најпрво исцедете го лимонот, а потоа измешајте го со јаболковата киселина.
- Потоа додајте ја водата и измешајте.
- Додајте ги и тенко исечените кругови од краставица и ливчињата нане, цели или исечкани по желба.
- Оставете да постои околу 5 минути или повеќе, и испијте го. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Детоксикацијата е важна за слабеење! Направете домашен пијалак за детоксикација и слабеење.