Убавината може да има и вкус! Природната козметика поседува многу предности, овозможува сигурност во квалитетот и големо уживање во сопствениот производ. Па, пробајте направете си сами чоколаден сјај за усни!
Не само што ќе ги заштите вашите усни во голема мера, туку и ќе имате можност да имате вкусни чоколадни усни кои вашиот партнер ќе ги обожава. Потребни ви се само 20 минути.

Потребно:
- 1 лажица вазелин
- 20-30 гр темно чоколадо
- 1/2 лажичка цимет
- 1/2 лажичка рицинусово, бадемово, кососово или невеново масло.
Подготовка и начин на чување:
- Чоколадото ситно изрендајте го и стопете го на пареа.
- Во истопеното чоколадо додајте го вазелинот, па добро промешајте.
- Додајте ги и циметот и маслото во смесата. Повторно добро измешајте.
- Тргнете го садот од пареата и додека е смесата течна турете ја во соодветна кутија.
- Готовиот чоколаден сјај ставете го во фрижидер и оставете да се излади. Не треба да ве загрижува ако е премногу течен, штом се излади во фрижедерот, ќе се стегни.
- Нежно нанесете го на усните, а за кратко ќе почувствувате како ви ги измазнил усните.
- Сјајот чувајте го во фрижидер или на ладно и темно, затоа што тоа е мал недостаток на природната козметика, може да се расипе. Треба да знаете дека ова не значи дека не можете да го носите со себе, туку дека е добро штом се приберете дома да го вратите во фрижидер до наредната употреба.
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашен крем против брчки и мозолчиња од 4 состојки.