Некои задоволни луѓе ја нарекоа чудесна и дека е ефикасна за мазно лице како избришано со „гума“! Наидовме на повеќе позитивни коментари за овој природен производ, па го споделуваме рецептот како да си направите домашен крем против брчки и мозолчиња.
За да го подготвите овој крем или маска за лице, потребни ви се само 4 природни состојки кои скоро сите ги имаме во кујната. Без штетни хемикалии и без скапи инвестиции пробајте да ги победите непосакуваните „црти“ на лицето и мозолчињата. Подготовката е едноставна, а кожата ќе ви биде чиста и нежна.

Состојки:
- 1 лажица лимонов сок
- 1 лажица природен мед
- 1 лажица мелено мускантно оревче
- 1 лажичка цимет во прав.
Подготовка и начин на употреба:
- Измешајте ги сите состојки во сад додека добиете изедначена смеса.
- Кремот нанесете го на чисто и суво лице, па оставете го делува најмалку 10 минути. При нанесувањето внимавајте на отворите на очите и устата, како и при нанесувањето на било која друга маска или крем. Доколку се појави чувство на лесно „боцкање“, тоа значи дека нанесената смеса делува. На крај, ќе ви се допадне резултатот. Состојките се природни и делуваат смирувачки на кожата, а особено помагаат за смирување на црвенилото на лицето.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 природни маски кои ќе ви ги избришат брчките.