спрејови за разладување

Природни спрејови за разладување со зелен чај и краставица

Овие спрејови за разладување може да ги направите од природни и лесно достапни состојки, а може да ги користите на работа, додека се возите или шетате.

Спреј од зелен чај за освежување на плажа

Ако сте решиле да одморите од градската гужва и сте или планирате да одите на плажа, со вас понесете спреј за освежување. Може да го направите многу лесно, а потребни ви се 1 до 2 ќесички зелен чај, 1 до 2 чаши ладна вода и шише со распрскувач.

спрејови за разладување

Во мало тенџере ставете ја водата и додајте ги кесичките зелен чај. Оставете ги неколку часа. Потоа, течноста турете ја во шишето и понесете го спрејот на плажа. Штом се вратите, шишето ставете го во фрижидер.

Совети: Зелениот чај е моќен антиоксиданс кој благопријатно делува на кожата и здравјето. Се препорачува против изгореници. Спрејот приготвен со зелен чај особено се препорачува за мрсна кожа и кожа склона кон акни.

Ако одите на плажа со фамилијата или поголемо друштво, направете поголема количина од спрејот за да може сите да се разладат. Овој спреј не може да го користите како замена за кремовите за сончање со заштитен фактор, па да ве потсетиме дека и нив треба задолжително да ги користите.

Спреј од краставица

Потребни ви се 1 лажица ружина вода, 1 краставица, 1 лажица гел од алое вера, 1 лажица сок од лимон и шише со распрскувач.

Подготовка: Краставицата исечкате ја, а потоа ставете ја во блендер. Миксирајте ја за време од 1 минута. Потоа сокот процедете го низ газа. Во садот со сокот од краставица додајте ги и другите состојки, добро измешајте ги или миксирајте ги во блендер за време од 10 до 15 секунди. Течноста ставате ја во шишето. Спрејот чувајте го во фрижидер и искористете го во рок од една недела.

Совети: Ако сакате спрејот да го користите надвор од домот, не додавајте сок од лимон. По желба спрејот може да го разблажите со дестилирана или флаширана вода. Спрејот може да го користите и за лице и за тело. Одличен е против изгореници од сонцето. Краставицата која ви останала по цедењето наместо да ја фрлите може да ја искористите како маска за лице.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен спреј за хидратација на кожата.

Сподели: