причини зошто да консумирате јогурт секој ден 1

Има многу причини зошто да консумирате јогурт секој ден

Баш така, има многу причини зошто да консумирате јогурт секој ден! Тој е исклучително богата намирница со витамини и минерали, а покрај тоа содржи здрави, активни бактерии кои се добри за организмот.

Јогуртот е значаен извор на калциум, фосфор, јод, цинк и витамин Б5, како и витаминот Б12, кој ги чува крвните зрнца и помага за зајакнување на нервниот систем. Така, во комбинација со соодветно избрани намирници, јогуртот помага во превенција на остеопороза.

причини зошто да консумирате јогурт секој ден 2

Поради прекумерно консумирање на сол, луѓето имаат проблем со висок крвен притисок, болести на срцето и бубрезите. Калиумот кој го има во јогуртот помага за исфрлување на вишокот сол од организмот. Бидејќи се добива од млеко, јогуртот е богат со голема количина на протеини, како и сите витамини и други корисни материи кои ги има во млекото.

Јогуртот помага во борбата со килограмите

Поради својата нутриционистичка вредност, малиот број на калории и високите дози на калциум, јогуртот го регулира варењето на храната и ја враќа дигестивната рамнотежа во случаи кога е нарушена.

Јогуртот може да се пие или да се користи како додаток во разни јадења. Прелијте ја салатата од краставици со јогурт. Користете го како основа за ладни супи или сосови. Употребете го како замена за павлака или мајонез, како сос за месо и зеленчук. Освен тоа, јогуртот можете да го комбинирате со свежо и суво овошје, со овес, да правите смути и слично, а во секој случај да обезбедите превкусен појадок.

Ви препорачуваме да прочитате: Јогурт за здрави коски и силен имунитет.

Сподели: