Пролетно зелено смути за детоксикација

Пролетно зелено смути за детоксикација

По долгата зима, кога во нашата исхрана недостасува свежо овошје и зеленчук, може да се појават непријатни симптоми како хроничен замор, главоболки, депресија и намален имунитет. Тоа се симптоми кои укажуваат дека е време за детоксикација на организмот. Променете ја исхраната и подготовката на храната. Наместо пржена и печена храна, јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук. Обидете се да готвите на пареа, бидејќи овој начин на готвење остава најмногу витамини и минерали во храната. Подгответе сами домашни сокови од овошје и зеленчук или направете пролетно зелено смути за детоксикација на организмот.

Искористете ја пролетта за да внесете повеќе витамини и минерали, да го исчистите организмот од токсините и да се подготвите за летниот период.

Пролетно зелено смути за детоксикација

Знаете ли што се препорачува за време на детоксикација?

  • Одмор – Одморот е многу важен за регенерација на вашето тело. Легнувајте порано. За време на детоксикацијата, потребни ви се најмалку 8 часа сон.
  • Поголема физичка активност – Брзо одење, јога, пилатес, истегнување, вежби за дишење… Тоа благотворно делува на чистење на телото од токсини.
  • Повеќе време во природа – Свежиот воздух ја подобрува енергијата и виталноста, а негативните јони, кои се наоѓаат во воздухот во природата, позитивно влијаат на вашето здравје.

Што треба да избегнувате за да го исчистите организмот од токсини?

  • Алкохол, кафе и газирани пијалоци
  • Маргарин, рафинирани масла, бел шеќер и бело брашно
  • Пржена храна.

Како да направите пролетно зелено смути за детоксикација?

Состојки:

  • 1 чаша зелен чај
  • 1 чаша свеж коријандер
  • 1 чаша млад кељ или бебе спанаќ
  • 1 чаша исечена краставица
  • 1 чаша ананас
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • ½ авокадо.

Подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте за да добиете хомогена смеса.
  2. Консумирајте наутро на празен стомак.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 лесни совети за успешна детоксикација.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: