Започнете го утрото полни со енергија! Направете си брзо протеинско смути со путер од јаткасти плодови и спремете се за убав старт на денот. Состојките во неговиот состав ќе ви овозможат енергија и да се чувствувате силно. Ќе ви годи што полесно ќе ги извршувате обврските, а вкусот пак, ќе ве натера да го подготвувате секој ден.
Така, кога сте во брзање и не можете да си подготвите хранлив појадок, имајте ја предвид оваа опција. Смути пијалак е секогаш добредојден оброк. Може да го пиете по пат, да го понесете како ужина на работа или да уживате пиејќи го во парк или било каде.

Состојки:
- 1 поголема банана
- 1 лажичка мед или друг природен засладувач
- 1 лажица путер од бадеми или кикирики од Рајска градина по желба
- 1/4 лажиче или прстофат цимет
- 1 лажичка чиа семе од Рајска градина
- 2 лажици овесни снегулки
- 250 мл кравјо млеко или растително млеко по избор, а препорачуваме кокосово.
Подготовка:
- Чиа семето може да го ставите директно или да го накиснете во вода најмалку 2 часа. Ако го потопите, може да го оставите да отстои 5-6 часа, па и преку ноќ, но да биде во фрижидер.
- Овесните снегулки по желба претходно сомелете ги со сечко или директно ставете ги во смутито. Ефектот е скоро ист.
- Бананата исечкајте ја на кругови и ставете ја во блендер.
- Во чашата од блендерот додајте го чиа семето, овесните снегулки, медот, путерот од кикирики и циметот.
- На крајот, додајте го и млекото.
- Убаво изблендирајте додека да добиете хомогена смеса.
- Готовото протеинско смути испијте го за појадок. Ќе ви даде енергија за убав почеток на денот.
А знаете ли зошто избравме да додадеме путер од бадеми или кикирики во нашето омилено протеинско смути?
Одговорот е високата нутритивна вредност!
Путерот од кикиритки е многу богат со протеини, но и со калиум кој значително го намалува ризикот од зголемен крвен притисок, мозочен удар или срцеви болести. Исто така, содржи и растителни влакна кои се важни за здравјето на дигестивниот тракт. Изобилува и со магнезиум кој помага за силни мускули и коски, како и со витамин Е и со антиоксиданси.
Путерот од бадеми е одличен исто така. Бадемите се богати со витамин Е, калциум, магнезиум и калиум. Исто така, се природен извор на растителни влакна, а содржат многу малку шеќери. Тие не содржат холестерол и се богат извор на незаситени масни киселини. Од сите јаткасти плодови содржат најголема количина на рибофлавин (витамин Б12) како и ниацин (витамин Б3).
Препорака плус од нас:
Дали сте ги пробале путерите од јаткасти плодови од Рајска градина? Од нивната палета може да изберете путер од бадеми, бадеми + ванила, кикирики, кикирики + какао, бадеми + индиски ореви, лешници, лешници + какао, или индиски ореви. Одлични се како додаток во смути, а може да ги користите и за подготовка на здрави десерти и салати. Отворете ја нивната фан страница на Facebook, Инстаграм профил или веб страница и разгледајте ја широката палета на производи кои ги нудат.

Препорака од авторот:
Ако го пробате рецептот и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.
Автор на рецепт: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви предлагаме да прочитате: 5 идеи за брзи и вкусни јадења со путер од бадеми.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.